На Богојавленије-Водици, на денот кога водите стануваат свети, за прв пат, оваа година нема да има масовни собирања и фрлања по Светиот Крст. Почитувајќи ги мерките за заштита од панедмијата, оваа година нема да бидат организирани традиционалните фрлања по Светиот Крст во Прилеп и околината.
Иако, во градот под Мрковите кули, вообичаено, од година во година се поголем е бројот на млади луѓе, вклучетелно и се повеќе девојки, кои сакаат да скокаат на овој ден (19 јануари ) во водите во прилепскиот базен по Светиот Крст, за здравје и благосостојба, оваа година не се примаа пријавувања на учесници во црквата Св.Благовештеније, “бидјеќи, поради пандемијата нема да има организирано фрлање на светиот крст „- информираат од Прилепско намесништво од Преспанско – Пелагониска Православна Епархија.
Во црквата Св. Благовештение, позната кај прилепчани како Стара Црква, Света Божествена литургија ќе се одржи од 04,оо часот, каде, веднаш по завршувањето на литургијата, во дворот на црквата, ќе се одржи Богојавленскиот водосвет, односно осветувањето на водите, и, каде воедно, ќе се одржи и традиционалниот чин на пуштање гулаби кои симболизираат гласници на мирот – веквона традиција кој се одржува во Стара Црква. Света Божествена литургија на 19-ти јануари, Водици, ќе се одржи и во останатите црковни храмови во Прилеп, а денот е неработен за граѓаните од православна вероисповед
Инаку, минатата година, 26 годишниот Филип Стојаноски, прв стигна до Светиот Крст во водите на прилепскиот базен. Оваа година ќе биде прв пат од постоењето на оваа вековна традиција, Богојавленскиот Водосвет, чинот на положување на крстот во водите, да нема да биде организиран со масовно фаќање на крстот од страна на верниците.
Празникот Водици се слави од вториот век и е поврзан со крштевањето на Исус Христос во водите на реката Јордан од страна на свети Јован, кој оттогаш се нарекува Крстител. Овој празник се нарекува уште и Водици, заради големиот водосвет што го извршува црквата на овој ден. Се верува дека тој што ќе го фати крстот ќе го следи благослов и среќа преку цела година. Големиот водосвет е симбол на обновувањето на природа, но и на целиот космос преку вода и Дух.