9.9 C
Прилеп
недела, 11 мај, 2025
Пела Радио

Џудо тренерот злоставувал неколку девојчиња

46-годишен тренер по џудо кој доби притвор од 30 дена за злоставување на една малолетничка, осомничен e дека сторил и неколку продолжени кривични дела „обљуба со злоупотреба на положбата“. Истрагата досега открила дека се злоставувани три девојчиња од 14 години, пред кои тој блудничел, им се втурнувал и ги бакнувал, искористувајќи ја положбата како нивни тренер.

Случајот пред викендот го пријавиле во полиција родителите на едно од злоставените девојчиња, а потоа истрагата открила уште две жртви на тренерот.

Истражните дејствија продолжуваат, во насока да се открие дали можеби има уште обљубени девојчиња кои се плашат или се срамат да раскажат што им правел тренерот по џудо- пишува порталот sdk.mk

Би можело да ве интересира

Жител од с.Канатларци пријавил дека неговата 28-годишна сопруга исчезнала

Елизабета Филипоска

Детали од вчерашната акција на МВР во која е запленета дрога вредна 800.000 евра

Елизабета Филипоска

ЗАПОЧНА СУДСКАТА ПОДГОТВИТЕЛНА ПОСТАПКА ЗА УБИЕНОТО 14-ГОДИШНО МОМЧЕ

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе