11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Пријавувањето за вакцинирање може да започне

Веб страницата преку која граѓаните можат да се пријават за вакцинација против Ковид-19, веќе функционира.Министерот за здравство Венко Филипче вчера изјави дека секој ќе може да се пријави, а системот ќе биде тој кој ќе генерира кои се приоритетни.

“Она што го имаме како сознание, е тоа што, вакцините кои ги имаме на располагање штитат и од новите мутации на вирусот, како што е „британскиот сој“ кој што е во моментов актуелен и во Прилеп. Но, никако не значи дека ако се вакцинирани луѓето дека не треба да не носат маски, туку напротив, треба да ги следат препораките на заштита , со цел да се спречи понатамошно мутирање на вирусот. Мерките за превенција и заштита кои важеа досега треба да продолжат и понатаму.

Секој кој сака да се пријави за вакцинација , може тоа да го направи ,а понатаму врз основа на планот на Министерството за здравство вакцинацијата ќе се одвива во три фази, по проритети. Прво ќе се вакцинираат здрствените работници,ризичните групи и лица над 70 години. Но, ова вакцина не е задолжителна. Секој кој сака може да се вакцинира. Пунктот за вакцинација ќе биде во Здравствениот дом – Прилеп, каде се одвиваше и тестирањето за брзи ковид тестови.„- вели епитемиологот, од Центарот за Јавно Здравје-Прилеп, Татјана Мургоска Станимировиќ

Освен по електронски пат со регистрација на веб страницата за вакцинација ( https://vakcinacija.mk/ ), пријавувањето за вакцини ќе се врши и преку матичните лекари преку системот „Мој термин“.

Засега се пријавени четири илјади здравствени работници, од кои околу две илјади се во Скопје, останатите се во другите градови. Во другите градови вакцинацијата ќе се спроведува во пунктови по примерот на вакцинацијата за сезонски грип, така што во првиот момент кога вакцините ќе стигнат може и практично да започне процесот на вакцинација.

Би можело да ве интересира

СТОП за насилство врз жената и девојките!

Елизабета Филипоска

Песната „А бре, Македонче“ и Музичкото училиште слават јубилеј

Гордана Цветаноска

Центар за јавно здравје Прилеп ќе спроведува есенска превентивна дератизација

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе