11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Двочасовна блокада на сообраќајот, вработените од Еурокомпозит најавуваат порадикални протести

Десетдневен штрајк на вработените од Еурокомпозит и уште една блокада. Работниците денеска на два часа го блокираа магистралниот пат Прилеп – Градско, кај Заполшки мост. Велат дека нема резултат од досегашните напори преку договори и преговори да се помести проблемот од мртвата точка. Работниците бараат од Владата, како компанија во целосно државна сопственост, да им се исплаќа бруто- плата, како основно работничко право. Веднаш исплата на две заостанати плати и надоместување на заостанатите придонеси од јуни 2012 година. Незадоволството на работниците е насочено и кон менаџерскиот тим против кои веќе се поднесени кривични пријави за наводни финансиски злоупотреби на службената должност и од нив бараат неотповиклива оставка.

– Нашиот штрајк продолжува, но и ги засилуваме блокадите. Ние одиме секојдневно на работа, но во одреден период излегуваме на протести според однапред договореното. Бараме бруто – плата со придонеси, под итно да се оствари средба со господинот Заев. Бараме неотповиклива оставка од раководството бидејќи 15 денови не се дојдени во фабриката, вели претседателот на синдикалната организација на Еурокомпозит Роберт Богданоски.

Според првиот синдикалец на Еурокомпозит вработените имаат начелен договор за вторник да постават шатори пред Владата и радикални протести во Скопје се до остварување на средба со премиерот Заев.
Попладнево, пак генералниот директор Александар Кузески информираше дека денеска Владата од раководството на прилепски „Еурокомпозит“ побарала дополнителни информации и детали за планот за работа на оваа компанија, а утре во Владата треба да се одржи состанок со претставници на вработените.

Би можело да ве интересира

Два случаи на фотографирање гласачко ливче, едниот, во Општина Кривогаштани

Гордана Цветаноска

Големо невреме во Канатларци, уништeно земјоделското производство (ГАЛЕРИЈА)

Елизабета Филипоска

МЗШВ одговори на барањата од земјоделските здруженија

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе