При распоредување на средствата во вид на ваучер, од страна на Агенцијата за млади и спорт, за помош на клубовите и спортските федерации, ФК Победа доби ваучар во висина од 1.600 илјади денари , РК Прилеп на својата сметка инкасира 2.600 илјади денари, додека пак кај дамите, ЖРК Деспина доби ваучар, како помош од АМС, во висина од 800 илјади денари, а ЖФК Деспина 1.050.000 ден.
Од помалите клубови, РК Филип доби 100 илјади денари, ФК Големо Коњари, 40 илијади денари, а ФК Млекар од Мало Коњари, ваучар од 20 илјади денари.
БК АС –Прилеп доби 202.000 ден , Стрелечкиот клуб, СК Херој – Прилеп доби ваучар во висина од 350 илјади денари, а СК Стрелец – 09 – Прилеп 250 илјади денари.
Пинпонгарскиот клуб Младот –Прилеп добил ваучар од 150 илијди денари, Клубот за гимнастички спортови –Партизан Соколана – Прилеп, 100.000 денари, ТСК Клуб Темеп- Прилеп, 100.000 денари, а Шаховскиот клуб Прилеп, 270 илјади денари. Во групарта на полуструктуирни федерации, клубот на шах на слепи и слабовидни лица, Александар Тодоровски Прилеп, доби ваучар од 80.ооо ден.
Комплетните листи на добитниците на ваучерите можете да ги погледнете ТУКА : https://drive.google.com/file/d/1g__5sstzT6lW72-ArQgWKDWqymmhxSkG/view