3.4 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Бука околу прилепските фонтани

Пред неколку години, давајќи симболика и значење на водата во „градот на жедта„- Прилеп кој пред две децении маки мачеше со водоснабдувањето и недостиг на вода, прилепчани создаваа фонатани кои преставуваа симбол на водата, но и украс на градот.

Посебна убавина на градот и даде фонтаната пред Комерцијална банка, со изградбата на плоштадот Александрија, на кој Прилепчани се посебно горди. Фонтаната, за жал, како што велат надлежните не работи во зима поради ниски температури и стравот од замрзнување на водоводните цевки, што би предизикало материјална штета. Па, ете, таа информација се прифати како „лесна околност“ за неработењето на оваа фонатана.

          При една критика, „зошто фонтанта не работи2 директорот на ЈКП Водовод и Канализација излезе на прес и ја “разјасни“ работата, тврдејќи дека “Јавноста треба да знае дека и во минатиот период во време на владеење на Марјан Ристески, градските фонтани континуирано ги одржуваше фирма избрана на тендер, од причини што ЈКП „Водовод и канализација“ нема капацитет само да ги одржува градските фонтани. Претрпријатието е конструирано за основната негова дејност: водоснабдување, собирање, одведување и прочистување на урбани и отпадни води.  Ако ги погледнете договорите, може веднаш да ви падне во очи еден договор од 2014 година, со износ од 5.000.000 денари за одржување само на оваа фонтана(фонтанта пред Комерцијална банка). Не треба да се биди посебно паметен или стручен, за да се воочи разликата помеѓу договорот кој што го имам направено јас, во износ од 800.000 денари за одржување на трите градски фонтани: оваа пред која стоиме денес, фонтаната пред ЦК ‘Марко Цепенков’ и фонтаната кај споменикот ‘Карпалак’ “- рече во јуни 2020 г. дир.на ЈКП В и К Прилеп, Емил Јанески, одговарајќи на критиките, зошто не е во функција фонтаната

                                     Фонтани во земја

А, некогаш, не толку далеку, и централната градска нас. Димо Наредникот имаше прекрасна фонатана кој што ја красеше ул. Димо Наредникот, а во средиштето на парковската површина, повторно фонтана, која дополнително го красеше, пак, паркот.

Но, и  едната и другата, веќе не постојат. 2016 г. се затрупани од страна на ЈКП Комуналец – Прилеп , како што рекоа, по одлука на Општина Прилеп.

Тогаш, дир.на ЈКП Комуналец преку соопштение како главна причина за затрупувањето на фонтаните ја нагласи „безбедноста во сообраќајот и најмладите„

„Децата, често гејзерите ги користеа за игра, а системите за вода и осветлување користат електрична енергија . Но, секоја изведба и изградба има свој рок на траење и оправданост во функционирањето и пред се безбедноста. Централниот дел, иако во првите две години беше новина за сите нас и украс на градов, последниве години се покажа како нефинкционален и небезбеден, па отука и одлуката, тој да се преуреди во цветна алеа која ќе претставува украс во населбата „Димо Наредникот“. – се велеше во соопштението од септември 2018 година, и за неколку дена ги „снема„ фонтаните.

                   Бутурисана „скокачката фонтана“

И, фонтаната , која претставуваше една од првите т.н “скокачки фонтани“ во Македонија, поставена пред центар за култура Марко Цепенков на  „Арт плоштадот“ никако да ја одржи „својата среќа за опстанок“.

Минатото лето „се мачеше“ да скока, зимата беше не функционална, да, деновиве “постане“ дупка.

На прашањето „што деновиве се случи со “скокачката фонтана“ Емил Јанески, дир.на ЈКП В и К – Прилеп, објасни дека поради не внимание при пренос на клавир во ЦК „Марко Цепенков„ траспортерот “пропаднал“ во фонтанта. Случајот е пријавен во полиција, а оштетувачот сам побарал да ја санира штетата на своја сметка, која се проценува на неколку илјади евра.

Инаку, во зима не работи ниту фонтанта кај Карпалак. Па,, еве, ќе се чека пролетта, да ја видеме „силата на нејзината душа“.

Фонтаните на минатото

Но, и да не заборавиме! Во 2015 г. тогашната прилепска локална власт, ја сруши фонтаната на плоштадот „Методија Андонов Ченто“ на ЈКП Водовод и Каналзација, една од поубавите и помодерните фонтани, средишен украс на плоштадот, со образложение дека тука ќе се постави спомникот на Крали Марко.

А, ја “снема“ и фонтаната на „Лавот“, пред Градскиот саат за да се изгради плоштад во тој дел од централното градско јадро, место каде уживаа прилепчани со шумолењето на водата под ладовината на сенките и чешмите околу фонтанта од кои течеше пивка вода.

И, толку, за „силата и душата“ на прилепските фонтани!

Но, веќе е крајно време да се запрашаме колку плаќаме за преуредувањето на урбаниот простор?! Цената за одржувањето на трите фонтани ја дознавме, погоре во текстот, од излагањето на дир. на ЈКП В и К Прилеп. Но,  колку чини постојаното преуредување ,уредување, рушење, обликување, додавање и одземање на урбаните простори за кои граѓаните на Прилеп, еднаш веќе платиле од свои пари?!

Би можело да ве интересира

Продолжува потрагата по изгубеното момче. Вклучени се и кучиња трагачи и хелихоптери!

Елизабета Филипоска

Три дена Прилеп во акција за чистење на дивите депонии

Откупот на тутунот пред крај, остануваат „белите картони“ за новата сезона

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе