ЈКП”Водовод и канализација”-Прилеп денеска со соопштение до јавноста, во врска со оштетената фонтана во центарот на градот, кое го пренесуваме во целост:
„Заради обвинувањата нa поедини медиуми кон локалната власт и ЈКП”Водовод и канализација”-Прилеп почувствувавме обврска да ве информираме за настан кој вообичаено не би предизвикал големо внимание и за кој локалната власт нема никаква одговорност.
Имено на ден 19.02.2021 тешко моторно возило носејќи клавир, донација за НУЦК „Марко Цепенков“, пропадна во музичката фонтана, при што предизвика штета на неколку од пумпите, потпирачите и инсталацијата. За овој настан беа известени сите надлежни институции и увид извршија стручните служби на ОВР Прилеп.
Лицето што ја предизвика штетата се обрати кон раководниот тим на ЈКП”Водовод и канализација”-Прилеп и предложи да ја надомести штетата и за најмногу две недели фонтаната ќе биде пуштена во употреба. Иако овој настан е несекојдневен,
наша цел не е да ги стигматизираме нашите граѓани и да ги споменуваме нивните имиња во лош контекст бидеќи сега, за разлика од порано, ЈКП”Водовод и канализација”- Прилеп има обврска колку што може поквалитетно да ги опслужува потребите на граѓаните наместо постојано некого да обвинува, осудува и стигматизира. “