Претседателот на собранието да закажe седница со единствена точка на дневен ред за измени во Законот за тутун, за продолжување на откупот до 31 март, повика пратеникот Петар Ристески од опозициската ВМРО ДПМНЕ на денешната прес конференција. Воедно, тој посочи дека би ја поддржале иницијативата од министерот за земјоделство, само да се реши агонијата на тутунарите со актуелната откупна кампања. Прес конференцијата ја пренесуваме во целост:
„Откупот на тутун заврши, откупувачите ги затворија пунктовите, а остана голема количина не откупен тутун. Од ВМРО ДМПНЕ цело време укажувавме, апелиравме, повикувавме да се реши проблемот на тутунопроизводителите кои го имаа со откупот на тутун од овогодинешната реколта. Покрај тоа што тутунарската мака, пот, се откупи по катастрофално ниски цени, со 60 до 100 ден. се оштетени тутунарите оваа година по килограм откупен тутун, алармиравме дека ќе останат и неоткупени количини што, еве и се случи.
Како пратеници од ВМРО ДПМНЕ и коалицијата за цело време баравме зголемување на субвенциите оваа година за 100% како обештетување на тутунарите за оваа лоша откупна реколта, но власта на чело со Заев остааа глуви и ако за цело време му ветуваат и ги манипулираа тутунопроизводителите за на крај, да им понудат милостина од некои 10 до 12 денари по килограм.
Пратениците од ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата за оваа цел, на ден 15 ти февруари 2021 год. поднесовме предлог закон за промена на Законот за тутун, во кој меѓу другото бараме продолжување на откупот оваа година до 31 март. До сега, одговорно тврдам, од страна на претседателот на Собранието овој предлог закон не е ставен на седница на дневен ред, од од СДСМ лажат дека опозицијата не давала поддршка за предлог законот да помине во собрание.
Еве јавно кажувам и повикувам, Претседателот на собрание да закажи седница со единствена точка на дневен ред нашиот предлог закон за промена на Законот за тутун, во кој меѓу другото бараме продолжување на откупот оваа година до 31 март.
Еве јавно кажувам и повикувам Претседателот на собрание да закажи седница со единствена точка на дневен ред нашиот предлог закон за промена на законот за тутун а пратениците од ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата и во 3 ч. после полноќ би влегле во собрание и би гласале ЗА нашиот предлог закон.Секако во корист на тутунопроизводителите со цел да се откупи целата количина неоткупен тутун“.
Радио Пела : Дали во предлог измените од пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ се опфатени и други прашања освен пролонгирање на рокот за откупот ?
– Има и предлози и за други измени што се однесуваат на забрана за увоз на тутун. Но, една од измените е и оваа, бидејќи, при посетите во населените места, на средбите со тутунарите ни беше укажано дека во моментов е голем проблем, бидејќи два до три милиони кгр. се останати неоткупени и побараа од нас, како народни пратеници, да побараме во Собранието да се продолжи откупот на тутунот до 31 март. Ние веднаш, после таа средба на 15 ти февруари, поднесовме до претседателот на Собранието предлог закон, што и ден денеска, не е ставен на седница на дневен ред. Власта манипулира, не може да закаже седница, немаат мнозинство, манипулираат дека опозицијата го кочи ова, дека не прави мнозинство и затоа апелирам и повикувам: уште денеска, уште сега, веднаш, претседателот на собранието да закажи седница со единствена точка на дневен ред – овој предлог закон, кој што го поднесе пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ и ние нормално ќе го гласаме нашиот закон“, рече пратеникот Петар Ристески.
Радио Пела: Исто така и министерот за земјоделство поднесе иницијатива за законски измени со цел пролонгирање на откупот на тутун до 31 март. Дали доколку неговата иницијатива е во парламентот вие би гласале за тие измени?
– Тоа што го направи министерот, ден од како ние предложивме во Собранието ваков закон и го предложивме ова за продолжување на откупот на тутун до 31 ви март, после излезе министерот, како тоа да било нивни предлог. Не ни е важен популизмот кој што го тера министерството за земјоделство и Владата. Нам ни се важни тутунопрозводителите и нивната мака, да не остани ниту килограм не откупен тутун. Ние ќе ја поддржиме било која иницијатива, но бидејќи нема друг предлог закон кој што е доставен до Собранието, не одговорно би било да чекаме некој да поднесува, кога пратениците на ВМРО ДПМНЕ имаат поднесено предлог на закон кој што чека да се стави на седница на дневен ред. Повикуваме уште еднаш, уште веднаш, уште сега, претседателот на Собранието, да закаже седница со единствена точка на дневен ред која ние – еве јавно кажувам, ќе ја поддржиме.
Радио Пела: Сојузот на земјоделски здруженија за утре ќе организира трибина на тема тутунопроизводство. Дали вие како пратеници од Прилеп сте поканети да присуствувате на трибината?
– Со огромно жалење можам да кажам дека како пратеник од Прилеп, од пелагонискиот регион, каде што се произведуваат и најголеми количини на тутун, и како пратеник во Собранието на Република Македонија, еден од пратениците кои навистина се посветија на правата на тутунарите, цело време сум во контакт со тутунарите, ги поддржувам, ги изнесувам нивните ставови и нивните барања до Собранието. Со огромно жалење можам да кажам дека како пратеник јас, Петар Ристески не сум поканет на ваква средба, иако видов, преку вас медиумите, дека таква средба ќе има. Доколку ме поканат јас секако со задоволство би присуствувал и би дал некои предлози во насока на подобрување на работите со тутунопроизводството и поддршка на новиот предлог Закон за тутун кој ВМРО ДПМНЕ го поднесе, а претходно уште во предизборната кампања се произнесовме дека ќе поднесеме Закон за тутун со кој што ќе се забрани увоз на тутун.