14.3 C
Прилеп
вторник, 22 април, 2025
Пела Радио

Тутунски Комбинат и 2020 та работел со добивка

Тутунски комбинат АД Прилеп во 2020 оствари добивка во износ од 31.004 илјади денари, информира компанијата преку Македонската берза. Ова е втора година по ред, по 20 години поминати како еден од најголемите загубари во земјава, ТКП да прокнижува добивка од работењето. Во 2019 година добивката изнесуваше 39.220 илјади денари. „Споредбено со претходната  2019 година   во истиот период,  исто така имаме позитивен финансиски резултат од 39.220 илјади денари.Значи друштвото ги исполнува планираните параметри ,со тенденција да се продолжи со исто темпо и во наредните години, стои во финансискиот извештај на Македонска берза .

Според извештајот доставен до  Берза, во 2020 година оперативните приходи изнесувале  904.486 илјади денари и се намалени за 7% во однос на претходната 2019 година, како резултат на намалување на приходите од продажба Истовремено, оперативните расходи се зголемени за 1% во однос на претходната година. Зголемувањето на оперативните расходи најмногу е изразено кај ставката „Трошоци за суровини и други материјали“.

Позитивните финансиски резултати покажуваат дека друштвото ги исполнува планираните параметри, со тенденција да се продолжи со исто темпо и во наредните години. Изминатите години Тутунски комбинат, благодарение на партнерството  со Филип Морис Интернационал (ФМИ) во заедничката компанија ПМТКП, значително ја подобри инфраструктурата на производство со реновирање на производниот погон и подигнување на производствените стандарди, што овозможи и производство на нови квалитетни брендови од палетата на ФМИ –  Marlboro Flavor Plus, Chesterfield 7.0 и Marlboro Core 7.0.

Би можело да ве интересира

Советот одржа седница онлајн, без “присуство“ на новинари. Сите предложени точки усвоени

Елизабета Филипоска

Полициската станица Прилеп го одбележа 7 Мај – Ден на полицијата

Гордана Цветаноска

Француско – германска комеморација во Прилеп и Битола по повод Денот на примирјето од Првата светска војна

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе