Во Македонија и Босна и Херцеговина утре ќе бидат одбележани 14 години од смртта на поранешниот македонски претседател Борис Трајковски, кој загина во авионска несреќа кај Ротимље во близина на Мостар , на 26 –ти февруари
Во авионската несреќа што се случи на 26 февруари 2004 година загина претседателот на Република Македонија Борис Трајковски и осумчлена македонска делегација која патуваше на Меѓународна конференција во Мостар.
За несреќата која се случи во атарот на Матиќ Брдо кај селото Хусковиќи, во близина на Мостар, за причините за падот на „кингерот“, за тоа дали се случила авионска несреќа или било „тероризам“, од тогаш досега беа извршени две истраги и објавени два извештаја, на две комисии со кои раководеа Салко Бегиќ и Омер Кулиќ, а во кои учествуваа и македонски експерти.
И во двата извештаја, кои се разликуваа, сепак, како причина за падот на „кингерот“ се наведува пилотскa грешки и други индиректни системски пропусти.
Во извештајот на Кулиќ се наведува дека агенцијата за цивилна воздушна пловидба на Македонија издала дозвола за авионот без потребна документација, а авионот не бил соодветно одржуван.
СФОР направил процедура за слетување во Мостар каде морало да се користи радар, а радарот претходно бил расклопен и однесен од аеродромот. Босанските воздухопловни власти издале дозвола да се користи таа процедура за слетување поради што „кингерот“ со Трајковски при несреќата воопшто не бил следен од земја со радар.
Не работела црната кутија за снимање на параметрите на летот и била застарена, а не бил функционален ниту уредот за лоцирање на авионот по уривањето. Тоа било доказ за истражителите дека СФОР крие нешто затоа што сигналот неисправниот уред го пријавиле како причина поради која е лоциран авионот.
Контролорите на летање од францускиот контингент воопшто немале регуларни сертификати за својата функција и не биле достапни за истрагата цели две недели по несреќата.
Европратеникот Андреас Крос, 2011 година почна сопствена истрага за оваа несреќа.Тој трдеше дека има докази дека претседателскиот авион не се урнал поради лошите временски услови и грешка на пилотие.
Мистеријата за за причините за рушење на авионот на председателот Борис Трајковки сеуште останува.
Владиниот „кингер” со кој што патуваше претседателот Трајковски, кој требаше да стигне на Меѓународна конференција за инвестирање во Босна и Херцеговина на 26 февруари 2004 година се урна во близина на Мостар.
Утре ,14-сет години од загинувањето на третиот претседател на Р.Македонија,Борис Трајковски