5.3 C
Прилеп
вторник, 10 декември, 2024
Пела Радио

Снежна голеада „Под Тумбе кафе“ ФК Победа: Шкупи 3:3

Во чуден натпревар во Битола, Победа минути ја делеа од голема радост против Шкупи, но голот на Турчинот Емре Чан во 89. минута ги расипа прилепските планови. Победа и Шкупи го одиграа највозбудливиот меч од 21. коло во домашното првенство, а по многу пресврти, пенали, шанси, ремизираа 3:3.
Чаирчани по само девет минути игра со головите на дебитанот Типуриќ и на Адем водеа со 2:0 во Битола, потоа Адем промаши пенал за 3:0, по што мечот ќе беше решен, а потоа се случи голем пресврт.
Филип Најдоски и на двапати Благоја Гешовски беа прецизни за предност на прилепчани од 3:2, но и тука не беше крај на голеадата. Во 85. минута Асани постигна гол за Шкупи за конечни 3:3 во најефикасниот меч од 21. коло во нашата Прва Лига.
Тренерот на прилепскиот прволигаш, Славољуб Бубања по ремито, 3-3 не беше најсреќен, но упати критики и за други одлуки надвор од фудбалската игра.
„Не сакам да ја коментирам последната ситуација, има некој кој е платен и треба да одговара за тоа.

Но, неразбирам некои други работи. Како е тоа можно преку ноќ на сите екипи да им биде вратен стадионот и можноста да играат во својот дом, освен нам. Исто така некои судиски грешки против нас се повторуваат. Имавме голем проблем, што Шкупи добро го отвори натпреварот по два наши глупости. Можеа да не дотолчат со пеналот, но потоа цело време доминиравме. Заслуживме

победа по 0-2, мислам дека и порано можевме да поведеме. Штета што не победивме, жал ми е за момците што дадоа максимум. Исто така честитки и за противникот на фер и коректниот натпревар“, рече за Gol.mk, Бубања.

Победа и натаму е без триумф оваа пролет и со само два од можните девет бода си ги искомпликува шансите за опстанок во лигата.

Би можело да ве интересира

Втора година по ред нема да го одржи МЕЃУНАРОДНИОТ ТРАДИЦИОНАЛЕН ТУРНИР во ЏУДО „ПРИЛЕП ГРАД ХЕРОЈ“,

Елизабета Филипоска

РК Прилеп славеше победа над Радовиш

Гордана Цветаноска

ПИНГ-ПОНГ: Супер лига – мажи ПРИЛЕПЧАНИ СО СИТЕ 4 БОДА ОД СКОПЈЕ

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе