7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Најчeсти прекршувања на работничките права има во преработувачката индустрија, текстилната, чевларската градежништвото,угостителството

Бројот на контролите на трудовите инспектори, особено вонредни, е зголемен за време на пандемијата, но и работниците, денес, се охрабрени да пријавуваат неправилности и прекрашување на работничките права. Целта на инспекцискиот надзор е да ги превенира прекршувањата на работничките права, а работодавците да се научат да ги почитуваат сите прописи од областа на работните односи и безбедноста и здравјето при работа. Најчесто прекршување на правата од работен однос има во областа на преработувачката индустрија, текстилната, во чевларската индустрија, во градежништвото и во угостителството, вели Јована Тренчевска, директорка на државниот трудов инспекорат на денешната средба со претставници од работници, неформалната економија, од институциите на локално ниво, синдикати и граѓански сектор од локалната заедница .

Најчесто, преставките кои доаѓаат се во однос на не исплатена плата, или исплатена плата, но под минималната, не исплатени додатоци на плата поради прекувремена работа, не вклучување на минатиот труд во платата, работно време над определеното и работа во денови за одмор. За време на пандемијата, од март минатата година досега инспекциските надзори се насочени токму кон почитувањето на препораките, одлуките, мерките и законите кои го штитат населението од ширење на заразата. Бројките покажуваат дека имаме зголемен број на надзори, споредено со другите години, но не се во поголем број прекршувањата од минатата година. Работниците се многу поохрабрени од претходните години во пријавувањето прекршувања на правата од работен однос. Тоа ме радува. Ги охрабрувам сите работници кои сметаат дека нивните права се прекршени и дека она што е во договорот за работа не се почитува, слободно да пријават„ посочи Тренчевска.

Со преставките за К-15, па се прават и по 20 надзори за една недела,а секој инспектор е обврзан месечно да направи најмалку 20 инспекциски надзори истакна таа

„Во текот на една година имаме околу 26. 000 инспекциски надзори. Тоа е за 2020 година од кои најголемиот број беа вонредни, со оглед на состојбата со Ковид-19, и тоа по пријави на граѓани за не почитување на мерките за заштита, за не исплата на плата, за додаток на плата и за безбедност и здравје при работа. Имаше донесено 772 за утврдени не регуларности, издадени се 42 прекршочни платни налози поврзани со не носење заштитна маска, не истакнување на едукативен информативен материјал во работната просторија, поведени се и неколку прекршочни постапки пред комисијата во Министерството за труд и социјална политика,„- вели Тренчевска.

Невладината „Достоинствен работник” го поттикна и го спроведува проект за „Социо-економските последици од пандемијата и влијанието на неформалните дејности”. Рубинчо Аризанкоски, проект-администратор во здружението „Достоинствен работник” вели дека целта на проектот е да обезбеди олеснување на работниците и претпријатијата за заштита на живеењето и економски одржливите бизнис, особено во тешко погодените сектори од неформалната економија.

„ Ние сме дел од организациите кои помагаат во советување, помош и поддршка на работниците од неформалната економија и заштита од Ковид-19. Целта на проектот е да се унапредат работните услови во однос на пандемијата и да се почитуваат мерките, а со тоа и да се конретизират компаниите кои треба да им понудат на работниците права и заштита од Ковид-19. Увидовме дека состојбата во Прилеп е на незавидно ниво, во однос на тоа што треба да се зголемат капацитетите кај работодавците во однос на заштитата, а имаме јавувања на нашите броеви и работниците се жалаат дека има прекршувања на Законот за работни односи и има дискриминација, а има и полаки за почитување на Законот за безбедност при работа. “- рече Аризанкоски

Наредните месеци, здружението „Достоинсвен работник” ќе преземе советодавни обврски за безбедност при работа во компаниите, особено во странските компании. Бој отпуштања на работници,од компаниите во ТИРЗ, која создава отежната финансиската состојба на работниците е последици току од пандемијата. На броевите на здружението кои се достапни, досега се пријавени 35 работници од различен сектор од неформалната економија особено од угостителскиот, занаетчиството сектор кои,најчесто, не се во институционалниот систем .„Тие ја бараат поддршката, како да дојдат до Законот за работни односи, до пензиското осигурување и заштитата при работа, – рече Аризанкоски

Би можело да ве интересира

Во Прилеп просечно дневно по еден починат од Ковид 19

Елизабета Филипоска

Пратеникот Миле Талевски позитивен на коронавирусот

Елизабета Филипоска

Прилепскиот ракометар Томче Петрески на чело на РК Пелистер

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе