Кои се тие машки работи и машки професии?
Тоа едноставно не постои …доказ е мојата определба да бидам жена пилот , а воедно и најмладиот спортски пилот во земјава. Ова се зборовите на младата прилепчанка Стефанија која со восхит зборува за својата професија, која ја сака и негува како нешто најсветло во нејзиниот животен патоказ. Димеска исто така е падобранка , вози мотор и тренира кунфу. Многу предизвици на едно место, но со една чиста и јасна цел , животна приказна која остава без зборови.

Стефанија ни беше гостин во нашата програма во живо и ни кажа многу интересни работи поврзани со нејзината животна определба и адреналинскиот начин на живот , но покрај тоа таа потенцираше дека за сето тоа да биде на едно високо ниво треба да се има постојана надоградба , како што таа прави само и само да биде пилотка за комерцијални летови.


Нас ни беше чест што започнавме една супер интересна и несекојдневна соработка со најмладата жена пилот во земјава а во исто време дознавме дека желбата кон професијата не познава пречки и нема граници , треба само да се сака својата професионална определба која е водилка во животот на секој од нас . Разговорот во целост може да го погледнете подолу.

