5.4 C
Прилеп
петок, 15 ноември, 2024
Пела Радио

Интернационалецот Горан Кузманоски – Таста новото засилување на битолски „Еурофарм Работник“

Македонскиот ракометен интернационалец,  Горан Кузманоски – Таста, ракометарот кој го претвори романски  Одорхеи, во  ракометна македонска база, бидјеќи по негова иницијатива многу македонски ракометни имиња играа во романското првенство (Стојанче Стоилов, Лазо Мајнов, Мите Стоилов,  Милорад Кукоски , Гоце Ојлески..)  ја менува средината и за кратко се враќа во Македонија и во македонскиот ракомет. Оваа, пролетна полусезона Кузманоски одлучи да го носи дресот на битолски „Еурофарм Работник“ и да настапува во македонската супер лига.

По распадот на Одорхеи Романија, каде настапуваше седум сезони, македонскиот  ракометен интернационалец,  својата спортска кариера  ја продолжува во составот на битолчани,во “Еурофарм Р.“ каде ќе им помага во битка за разигрувањето за шампионска титула.

Кузманоски се очекува да биде од голема помош за битолскиот тим со неговото искуство,борбеност,ортанизираност, одлична плејмекерска игра и со неговите специвични силни шутеви од бековска и централна позиција.Тој ќе биде најголемото засилување на Еурофарм Работник,но и најголемото изнанадување за противниците.

Инаку, искусниот ракометн интернационалец,Горан Кузманоски своите ракометни почетоци ги прави во некогашниот ракометен гигант „Тут-ком’ –Прилеп и веднаш бил забележан од македонската рекометна јавност, што беше и дел од златната генерација на младинската репрезентација предводена од Темелковски, која го освои 4 место на европското првенство во Полска,  2002 г. Во Македонија играше за Вардар, Металург и Пролет, а како интернационален  играч, играл во неколку екипи во португалска Мадеира , шведски Трелеборг, во Исланд и во Одорхеи, Романија. За репрезентацијата на Македонија има настапи во сите категории.Последниот репрезентативен настап во „црвено-жолтиот“ дрес Кузманоски го имал во Струмица, на пријателски меч со Црна Гора, октомври 2013 година.

Горан Кузманоски -Таста е син на легадарната ракометна прилепска и македонска  легенда, Петре Кузманоски – Таста, кој својата ракометна кариера ја започна и ја заврши во РК Тут-Ком-Прилеп, но никогаш не се откажа од ракометот во целост, останувајќи активен како тренер , како дел од стручниот штаб, претседател на клуб,член на РФМ итн. Петар Кузманоски-Таста е големиот поддржувач на својот син, Горан Кузманоски – Таста, која оваа полусезона ќе го гледаме во македонското ракометно првенство.

 

 

 

 

 

 

 

Би можело да ве интересира

Петти по ред „Денови на Ростковски“

Гордана Цветаноска

Грашеска Илиеска: Ребалансот на општинскиот буџет го открива лицемерието на локалната власт

Пела Редакција

Семејна драма во Лажани: И го одзел детето и не сакал да ѝ го врати на мајката

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе