11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Семејството на 43 годишниот прилепчанец кој е на респиратор, моли за финасиска помош за болничките сметки

Гоце, кој прилепчани го знаат како одговорен медицински рабоник, возач на брза помош од Прилеп, кој секојдневно иташе со амбулантното возило да спаси човечки животи, денес моли за помош за себе, а државата и институциите остануват глува и немаат средства да му помогнат во лечењето од ковид 19 иако тој е дел од медцинскиот персонал кој пренсува болни лица. Затоа семејството моли за помош од добронамерниците, граѓаните и своите сограѓани.

Имено, семејството Илиески од Прилеп има потреба од секој денар за покривање на болничките сметки за таткото и сопругот Гоце (43 г), кој во моментот е на респиратор, а секој болнички ден, кој чини 500 евра во болницата во Систина, создава дополнителен финансиски товар на семејството.Бидејќи, со болеста веќе се изборило целото негово семејство, но потребна е сега помошта да се спаси нивниот, татко и сопруг, возач на Брза помош . На социјалните мрежи веќе кружи постот за финасиска помош, кој стигна и до нашата редакција, со молба да го објавиме и да придонесеме во помогањето на еден човек, наш сограѓанин, да се избри со болеста. Содржината нема да ве остави рамнодушни, и во неа се вели:

„Почитувани хумани луѓе од цела Македонија, за жал ви се обраќам од името на една предобра и вредна жена која ете ја допре и тоа како тешко ја погоди оваа ситуација со корона вирус. Буквално цело семејство заболија од истиот. Од најмали до најголеми. 12 годишниот Филип во клининиката Козле после долго боледување сега е подобар, фала на Господ и е дома. Но, неговиот татко Гоце сеуште се бори. Сместен е долг период во болница Систина, состојбата сеуште е многу лоша и се бори на респиратори. Поради тоа што не е во стабилна состојба не може да се премести на клиника. Еден ден ги чини 1.700евра, а сега и со нова терапија која чини 500 евра на ден, семејството влезе во многу тешка здравствена состојба, но за жал и тешка финансиска ситуација. Гоце во целава ковид пандемија иташе храбро и брзо за да спаси човечки живот како шофер на Брза Помош во Прилеп. Тоа е човек кој со своите 43 години е и пожртвуван родител, но и човек кој си ја сака Македонија во сите нејзини убавини. Ајде хумани луѓе да помогнеме сите да бидат и понатаму заедно и среќно семејство. Наредните денови ќе бидат отворени и телефонски линии за донации, но затоа што секој денар им е и тоа како значаен ви ја пишувам жиро сметката на Daniela Ilieska неговата сопруга каде секој добронамерен човек ќе може да донира во рамките на своите можности. „

Ж- ска Стопанска Банка Скопје 200003328588457 Даниела Илеска Прилеп. Гоце, Даниела, Филип и Сара ќе ви бидат од срце благодарни на вашата хуманост и човечност во борбата за нивниот татко и сопруг. ❤❤❤❤

Би можело да ве интересира

Денеска патиштата водат до манастирот „Св.Архангел Михаел„ – Варошани го слават „Голем петок, вековна традиција

Елизабета Филипоска

(ВИДЕО) Потрети од коса, вистинска уметност!

Елизабета Филипоска

(ФОТО) Сите патишта водат кон Трескавец по повод празникот “Успение на Пресвета Богородица“

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе