5.9 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Рускиот амбасадор : за посетата на Прилеп, за името, сoработката со Македонија, за стипендирање на студенти , за фудбалот…

Минути со Амбасадорот на Руската Федерација во Република Македонија,Олег ШЧЕРБАК:

МОСКВА

Москва е најголемиот светски град, со население од 12 милиони луѓе, кој секоја година е посетен од страна на  20 милиони туристи. Тој е град што ги спојува најмодерни архитeктонски  и технолошки решенија, со штедлив и претпазлив однос кон традицијата и клутурата од минатото.

Во Москва се наоѓаат двете највисоки градби: Oстантиската кула висока 55o м. и големиот бизнис забавен центар „Москва сити„.

 

БЕСПЛАТНО СТУДИРАЊЕ ЗА 40  МАКЕДОНСКИ СТУДЕНТИ 

Прилеп  е познат по своите културни, образовни и уметнички традиции, како што и Москва е позната  по овие нешта.

Во Москва има повеќе од 400 музеи, 400 Универзитети и користејќи ја оваа прилика би сакал да нагласам дека Амасадата на Руската федерација во Р. Македонија, од оваа година почнува да прима студенти за студирање во руските високо образовни институции. Тоа е државна стипендија, која им дава можност на телентираните девојки и момчиња од Македонија, да студираат бесплатно во високо образовните институции во Москва.

 

РУСИЈА ДОМАЌИН НА СВЕТСКОТО ФУДБАЛСКО ПРВЕНСТВО 2018 г.

Јас знам дека младите во Прилеп го сакаат спортот и спортуваат. И, Москва е спортски град. Во Москва има околу 15 илјади спортски терени и стадиони. Користејќи ја оваа прилика, би сакал да ги поканам прилепчани да ја посетат Русија во  јуни и јули оваа, 2018 година, на Светското фудбалско првенство. Во Москва ќе се одржи отворањето на Светското фудбалско првенство, полуфиналето и финалето, на двата најголеми Европски стадиони „Спартак„ и “Лужники“. Тоа е убава прилика не само да се гледа фудбалското првенство,туку и луѓето да се  запознат со Москва, со нејзината убавина, како интересен и убав град.

 

СОРАБОТКА СО МАКЕДОНИЈА

 Прашање: Руската Федерација и Македонија веќе 24 години имаат воспоставено дипломатски односи. Каде и како амасадорот ја гледа идната соработка на Русија со  Македонија?

Ние гледаме перспектива во развој на односите меѓу Русија и Македонија со голем оптимизам. За време на изминативе 24-ри години ние поминавме голем пат и сега нашите односи имаа стабилен карактер од в заемен интерес и постои голема можност за развој и соработка во сите сфери: во економијата, трговијата, политиката, културата, инвестициите, образованието..и во сите сфери во кои имаме и гледаме заеднички интерес. Многу е битно што нашите односи имаат цврсти историски и духовни темели. В заемната доверба ја зацврстува  в заемната соработката и ги поставува темелите на заедничко движење напред.

 

ЗА СПОРОТ СО ИМЕТО

 Прашање : Кој е вашиот став и напорите во последните интензивни движења околу решавањето на спорот со името?!

Многу е важно, такви прашања да се решаваат преку преговори и врз основа на в заемена почит и интерес. Русија ја гледа Македонија како независно суверена држава , а истотака  ја гледа и Грција,како независна суверена држава  и затоа двете држави, како и другите држави во иста ситуација, имаат право да го пронајдат решението кое би им одговарало на двете страни.

Би можело да ве интересира

Дневен Ковид биланс, се зголемува бројот на заразени

Гордана Цветаноска

Мицкоски: Дополнителни средства за општините од државниот Буџет ќе обезбеди идната Влада на ВМРО ДПМНЕ (АУДИО)

Прилепчанка во Женева ќе говори на Меѓународната конференција за население и развој (ИЦПД)

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе