11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Машина на прилепски Микросам инсталиранa во најголемиот Амерички Институт за Авионски истражувања

Микросам деновиве заврши со инсталација и прием на најнова специјално дизајнирана машина за преработка
на современи композити во Националниот Институт за истражување на воздухопловството (NIAR) на
Државниот Универзитет во Вичита – САД.

Лоцирана во Прилеп, „Микросам“ е светски позната, како лидер во производство на Роботски и ЦНЦ машини
за материјалите на иднината или т.н. современи композити. Во своето 30 годишно постоење, „Микросам“
има инсталирано над 280 производни линии во повеќе од 43 земји во светот, како Германија, САД, Русија,
Јапонија, Кина, Индија, Израел и Кореа. Глобалните клиенти на компанијата се водечки во авионска, вселенска,
автомобилска, одбранбена и други индустрии, како и врвни истражувачки центри за современи композити

Америчкиот Институт за aвионски истражувања (НИАР) e најголем и најважен истражувачки центар во САД кој
соработува со преку 100 клиенти во авионската индустрија, како Boeing, Bombardier Learjet, Cessna, Beechcraft,
Spirit Aerosystems, Airbus, и многу други. Институтот (NIAR) ги избра токму „Микросам“ за производство на овој тип на машина со цел да се олесницелокупното истражување за примена на композитни материјали во нивната Лабораторија за напредни технологии на воздухопловни системи (АTLAS). Целта на оваа Лабораторија е подготвување на инженерите за она што ги чека во иднина и воведување на автоматизирани технологии на истражување, какви што ги нуди машината на „Микросам“.

Намената на ваквата машина е изработка на импрегнирани ленти од карбонски, стаклени или други влакна,
спремни за автоматско полагање (АFP/ATL). Овие автоматизирани процеси се користат во широк спектар на
авионски делови за изработка на опашки, крила, трупови и други делови на авиони.

„Со машината на „Микросам“ во нашето портфолио на автоматизирана опрема за производство, ние сме во состојба да одговориме на побарувачката од повеќе машини за автоматско полагање на влакна во NIAR. Сега, може навремено да ги спроведуваме истражувањата и да ги поддржиме потребите за препрег ленти на нашите индустриски партнери. Интегрираниот систем за инспекција во процесот на сечење и алгоритмот за откривање на дефекти на машината на „Микросам“ ни овозможува да вршиме контрола на квалитетот на она што го изработуваме“ – истакнала д-р Варуна Сеневиратне, директор на АTLAS.

Оваа иновативна машина ќе им ги олесни истражувачките цели на NIAR со неколку клучни придобивки, како
што се: Флексибилна употреба, како потребата од сечење на тесни до широки ленти и нивно истовремено
намотување на т.н. касети или шпулни; Ефективност, или достигнување на голема брзина на премотување; Можност за идно зголемување и продолжување на машината, почнувајќи од 8 позиции на премотување дури до 48 позиции; Единица за контрола на напнатоста што обезбедува постојано и точно премотување кое е важно за квалитетот на процесот на сечење; Систем за ласерско водење кој му помага на операторот за прецизно позиционирање; Автоматски онлајн систем за проверка – уникатна технологија на „Микросам“ за проверка и автоматско откривање на грешките на пресечената лента пред да се премота повторно; QCS – Систем за контрола на квалитет – клучна компонента на секоја машина на „Микросам“ која го следи целиот процес и го подобрува неговиот квалитет.

„Со зголемување на бројот на единици во истражувањето на процесот на Автоматското полагање на влакна (AFP), се зголеми и побарувачката за ефикасни, компактибилни единици за сечење на препрег. „Микросам“ е пионер во такви единици кои им помагаат на клиентите да подготват препрег ленти согласно потребите, притоа заштедувајќи ги нивните трошоци и време, контролирајќи го квалитетот и ризикот во три новите идеи. Ние сме горди што им помагаме на NIAR да бидат попродуктивни во истражувањето за производство на композитни делови.“- истакна Димитар Богданоски, Менаџер за продажба во „Микросам“:

NIAR и понатаму ја продолжува соработката со „Микросам“ со производство на уште една машина за
нивните потреби. Иновативноста и генијалноста остануваат да бидат и понатаму препознатливи, што прави
компанијата да има море од лојални клиенти кои ги бараат повторно „роботите на Микросам“.

Воедно, „Микросам“ оваа година слави 30 години успех на светскиот пазар! Своето постоење ќе го одбележи и
во Скопје, со уште една изложба на своите дела во ТЦ „Скопје Сити Мол“ (од 14.05.2021 до 27.05.2021 година), секој ден, согласно работното време на трговскиот центар.

Би можело да ве интересира

МЗШВ објави јавен повик за субвенционирање на невладините организации за советодавни услуги во земјоделството

Гордана Цветаноска

Дали во Македонија од 2026 во пензија ќе се оди на 67 години?!

Пела Редакција

Заменик министерот Марјан Ристески во прва работна посета на Прилеп

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе