5.4 C
Прилеп
петок, 15 ноември, 2024
Пела Радио

Николоски од ВМРО ДПМНЕ: Македонија е во една економска и здравствена катастрофа

Александар Николоски, пратеник и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ при денешната посета на Прилеп, на прес конференција посочи повеќе теми критикувајќи ја власта: за здравствената криза, за лошата инфраструктура на пат Градско- Прилеп, за состојбата со економија во прилепското стапанство, за откуп на тутунот  и состојбата на земјоделецот, но и упати апел, власта да ги продолжи акциите за апсење на нарко дилерите. Што се однесува до имињата – предлози за градоначалник , соопшти дека кандидатурите ќе бидат познати в лето.

„Здравствената криза во целата држава е лоша , но можам да кажам дека е најлоша во Прилеп.  Континуирано високи бројки и на заболени, за жал и на оние кои ја губат битката. И,  ова не е нешто што се случува ден или два, туку се случува во континуитет. Здравствените власти не прават  скоро ништо да се подобри оваа ситуација. Од една страна сакам да честитам до  докторите и медицинскиот персонал за над човечките напори кои ги прават, но од друга страна мора да се признае малку, или ништо не е направено да им се помогне на луѓето. Нема вакцини, не само за Прилеп, туку и за цела држава. Македонија останува „црна дупка“ за имунизација во  регионот.  Нема соодветна терапија, луѓе не можат да направат крвна слика со сите податоци кои се потребни, тешко закажуваат рентген снимки, така што имаме исклучително тешка ситуација за што ќе зборуваме и со здравствените  работници денеска.

          Николоски: Македонија е во една економска и здравствена катастрофа

„Според нашите информации 50 –тина  дуќани само во прилепската чаршија се затворени, што говори за падот на економијата. Но, исто така говори и за несоодветните економски мерки кои  или ги нема, или се недоволни, и тоа резултира со целосен колапс на економијата.„

      Николоски : Со патот  Градско –Прилеп,  Прилеп  слепо црево во центарот на Македонија.

„Доаѓајќи денеска во Прилеп сфатив зошто Зоран Заев и Филипче, најодговорните за справувањето со корона вирусот, решија да дојдат со хеликоптер, бидејќи патот е во катастрофална состојба и веројатно, решија да дојдат со хеликоптер, со цел да ги избегнат дупките кои не можат да се избегнат на коловозите  по патот Градско –Прилеп.  Зборувавме за автопатско решение, а „А“ нема од автопатско решение. А, не продолжува  и работата на експресниот пат , и го тоа го става Прилеп како слепо црево во центарот на Македонија.„

Николоски: Пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ повторно ќе го поднесе законот со кој што предвидуваме забран за увоз на тутун во Макеоднија

„Уште минатата година  се зборуваше дека ќе има катастрофален откуп на тутунот со исклучително ниска цена, и тоа се случи.  А , многу луѓе не успеаја да го предадат тутунот. Околу 800 т. остана непредаден од регионот. Јас се сеќавам на една средба од кампањата со стопанската комора, присуствуваше и директорот (рекордер по плата) на Тут-Ком- Прилеп, кој не убедуваше дека состојбата е добра, ама еве не е! Него платата му е иста, 3000 евра, како што му беше и минатата година, ама состојбата на земјоделците не е иста.  Пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ поднесе закон во Собранието, кој беше одбиен од парламентарното мнозинство, со кое беше предложено да се забрани увоз на тутнот додека не се откупи домашниот, затоа што проблемот со тутунот е дозволата да се увезува тутун од странство.  Тој закон беше одбиен затоа што потпретседтелот на Владата, Љупчо Николовски е во тој бизнис,  а во тој бизнис е и семејството Заеви преку Тут-ком  – Струмица и ним им одговара цената да е ниска и да печалат на маката на земјоделците.

Најавувам, од тука, од Прилеп, дека Претеничката група на ВМРО ДПМНЕ повторно ќе го поднесе законот со кој што предвидуваме забрана за увоз на тутун во Македонија„

Николоски: Апелирам од тука да продолжат  истрагите за спречување на криминалот

„Јавна тајна во градот е дека кокаин има по улиците, како никогаш. Сите знаат кој го продава , сите ги знаат дилерите, освен полицијата. Видовме смешна акција во Прилеп за ловење нарко дилери. Дента  ги уапсија, утредента началниците на прилепската полиција со нив кафе пиеја по прилепските кафеани.  За после неколку месеци да видиме апсење од ДЕА ,на шефот да прилепската полиција кој патем, беше главен во нерегуларностите во изборите на Прилеп. Апелирам од тука да продолжат овие истраги затоа што неговото апсење и неговите соработници  е врвот на „ледената санта„ која што за жал ја гледам во Прилеп„

На новинарско прашање,„дали се познати имињата на кандидатите за градоначалници за Прилеп од ВМРО ДПМНЕ,  Николоски соопшти декатаа информација ќе биде презентирана наскоро, но не е почнат процес на селекција.

Би можело да ве интересира

Петкоски: „Локалната власт го игнорира писмото на министерката за образование и блок дотациите ги кориси ненаменски„

Елизабета Филипоска

Реакција на ОК ВМРО ДПМНЕ Прилеп

Гордана Цветаноска

Кадровските решенија тема на опозицијата и власта во Прилеп

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе