11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Градоначалникот Јованоски и СДСМ реализираа серија капитални проекти!

Со реакција на денешната прес конференција на Дејан Проданоски, претседател на ОК на ВМРО ДПМНЕ Прилеп, се огласија од ОО на СДСМ Прилеп, во која ги отфрлаат обвинувањата упатени до градоначалникот на општина Прилеп Илија Јованоски, потенцирајќи дека реализирани се серија капитални проекти изминатите години. Реакцијата ја пренесуваме во целост:

„Локалната власт предводена од градоначалникот Илија Јованоски и СДСМ, за 3 години изгради и направи многу повеќе за Прилеп, отколку ВМРО-ДПМНЕ за време на нивното 12 годишно владеење. Со чесен и одговорен пристап, дури и во услови на економска и здравствена криза предизвикани од вирусот Ковид-19, Јованоски и СДСМ реализираа серија на капитални проекти од интерес на граѓаните на Прилеп. Градскиот стадион „Гоце Делчев“, којшто ексградоначалникот Ристески и ВМРО-ДПМНЕ го оставија во руинирана состојба, денес е целосно реконструиран, со покриена северна трибина, со нов тревник, со рефлектори за ноќни утакмици и имаме современа фудбалска арена каква што доликува на најфудбалскиот град во државата. Целосно е реконструиран и градскиот булевар „Гоце Делчев“, кој претставува нова гордост на градот и со кој централното градско подрачје доби целосно нов лик. Наместо мовче како што го нарекуваа од ВМРО-ДПМНЕ, на градската река се изгради импозантен армирано-бетонски мост, каков што не е изграден во Прилеп во изминатите 50 години. Не постои населба во градот и населено место во општина Прилеп, каде не е асфалтирана и реконструирана дел од постојната и изградена нова патна, водоводната и канализационата инфраструктура. Она што е насушна потреба на граѓаните, а беше мисловна именка за власта на ВМРО-ДПМНЕ, а тоа е изградба на нова детска градинка, денес е реалност. Во населбата Точила, во моментот се гради една од најубавите детски градинки во државата, современ еколошки објект, со капацитет за згрижување на 252 деца. Во моментот се гради и новата спортска сала во ООУ „Кире Гаврилоски-Јане“, каде благодарение на негрижата на ВМРО-ДПМНЕ, часовите по физичко и здравствено образование се одвиваа во импровизирана училница. Во изградба е и новиот спортско-рекреативен комплекс кај Прилепското езеро, што е уште едно исполнување на дадениот збор пред граѓаните. Подобрени се условите за настава во сите основни и средни училишта во општината, каде е поставена нова дограма, изградени се нови тоалети, реконструирани се многу училници. И додека ВМРО-ДПМНЕ останува заглавена во криминалната матрица, заради што ќе им следи уште еден тежок пораз на следните локални избори, СДСМ и градоначалникот Јованоски со силно темпо продолжуваат да работат за интересите на граѓаните и ја движат општината напред,“ стои во реакцијата од ОО СДСМ Прилеп.

Би можело да ве интересира

Талевски: 100 дена градоначалнички мандат на Борче Јовчески, исполнети со непотизам и неработење

ОО на СДСМ обвинија дека функционери на ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Прилеп со своите постапки го загрозуваат здравјето на граѓаните

Елизабета Филипоска

Досега официјално 6 кандидати за претседател на гласачкото ливче

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе