5.4 C
Прилеп
петок, 15 ноември, 2024
Пела Радио

(Видео) Советникот Проданоски тврди: „Изгубена е довербата советник – граѓанин!„

Општинскиот Совет е највисокиот орган на одлучување за сите барања во рамките на правата и должностите на општината. Во време на пандемија како функционира Советот на општина Прилеп, како ги донесуваа одлуките советниците? Влијае ли оваа елктронска форма на одржување седници при носење на одлуките и постои ли конструктива дебата и можност да дебатирање меѓу советниците? Колку  владеачкото мнозинство, има слух да ги разгледува предлозите од опозицијата, советничката група на која дел од граѓаните им дала доверба да ги застапуваат во Советот, за капитални инвестиции , при донесување на буџет итн ? Каква е улогата на советникот денес?

Улогата на советникот денеска е изгубена, бидејќи граѓаните се помалку учествуваат во носењето на одлуките„ рече во разговорот во емисијата “Одговорност и одговори“  советникот и кооридинатор на советничката група на ВМРО ДПМНЕ во Советот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, говорејќи за значењето и улогата на советникот денес.

„Низ призмата на советот и одлуките кои тој ги носи се клучни за современото и идното живеење на граѓаните во оваа општина. За жал, Советот во последните неколку години ја губи функцијата која што му е дадена по закон, затоа што работиме со материја која ни се преставува во краток рок, па улогата на советникот правилно да носи одлуки се губи. Граѓаните се помалку учествуват во носењето, во разгледувањето и во одлуките, бидејќи, се сега, е низ призмата на политиката, и одлуките се носат онака како што извршната власт и градоначалникот како извршен орган, ги спроведува. Од владеачкото мнозинство се очекуваше она што беше принцип на работа во изминатиот период од предходните групи советници да се надмине , но за жал морам да констатирам дека малку се направи на тоа поле и се искористи само тој термин „граѓански коцепт“ како состојба која не функционира. Дури, граѓаните изгубија верба и во самиот термин „граѓанско“. Ако сакаме да бидеме европски град мора да го почитуваме тој граѓански концепт, а не само декларативно и да се вулгаризира. Што значи тој термин? Треба граѓаните да управуваат со општината, низ медиумите , а медиумите сме ние советниците и преку извршната власт , односно градоначалникот да се донесуваат одлуките и да реализираат проектите!„Секое прашање треба да тргне од граѓаните и да заврши со одлука која ќе ја донеси Советот , односно да заврши со изграден, реализиран проект за подобар живот на граѓаните во градот или во населените места.

„Ако граѓанинот знае дека во даден момент го има советникот на располгање, го има во таа и таа просторија, обврска која е задолжителна за да го испочитуваме граѓанинот, да слушниме да ни ги кажи проблемите кои ги има, тие ќе бидат поблиску до советнците. Но, луѓето веќе се навикнаа  да реагираат само кај советниците кои се на власт оти сметаат дека „по линија на помал отпор“ проблемот кој што го имаат ќе биде решен. И, тука се затвора тој круг. Затоа мора да се најде начин како луѓето да дојдат до советниците! Ние за жал сме од друга политичка партија до која не стигнуваат сите информации. И, тоа е опшествен проблем. Пример, за еко проблемот кој е најпресен ,загадувањето на изворот „Леково“, од изворот не пиаат вода само членови на СДСМ или ВМРО ДПМНЕ, пијат водасите граѓани. И, наместо проблемот да им биде пренесен на  советницте, кои можат да одлучуваат и делуваат, наједноставниот начин на луѓето денес им е да го искажат својот револт преку организирање на протести. Тоа говори дека е изгубена довербата советник  – граѓанин!„ -вели Проданоски во емисијата „Одговорност и одговори“

Би можело да ве интересира

ОК на ВМРО ДПМНЕ: Слики од болницата!

Елизабета Филипоска

Сугарески објави кандидатура за градоначалник на Прилеп

Елизабета Филипоска

ОК на ВМРО ДПМНЕ Прилеп бара одговори од Пачешкоски за искажани јавни ставови

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе