7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

(ВИДЕО) Велески: Прилеп е водечки и единствен град во државта по волумен на рециклиран и селектиран опад

-Општина Прилеп е водечки град во рециклирање, по волумен на рециклиран и селектиран опад, (хартија, картон, пластика…) и сето тоа благодарение на визијата на општина Прилеп одпорано. Тоа е иднината на комуналната хигиена во целост. И, со намлувањето на волумените на санитарните депонии од порано, мило ми е што Прилеп го држи епитетот “Најчист град“. Над 25. ооо садови за отпадоци, познати како жолта и зелена канта, им се поделени на домаќинствата ,со што полека ја зголемуваме културата и практиката на примарно селектирање на отпадот во домовите, и таа позитивна пракса сеуште се почитува. За пофалба е дека од година во година габаритно се зголемува количината на селектиран и рециклиран опад од граѓаните, со кој ние понатаму стопанисуваме, односно го продаваме. Исто така, за пофалба е и проектот БИОРЕАЛ, преку кој е набавена преса за пресовање на рециклираниот отпад, балирање и продавање, и со оваа  сме единствни во државата… – вели, Сашо Велески, дир. на ЈКП Комуналец во емсијата „Одговронсот и одговори (25:11 мин, што можете да ја погледете најдолу по текстот)

Регионалните депони се иднина за здрава животна средина!

-Европските закони предвидуваат да се базираме на регионални депонии.  За жал, Прилеп не ја искористи шансата пред извесен период, пред 10-на година,  каде имавме одобрен проект –  грант од  Светска банка за да направиме современа депонија, која далеку помалку би ја загадувала животната средина. За регионална депонија сега се споменува општина Новаци, и ќе мора да се прилагодиме на европската законска регулатива . Трошоците на јавните комунални претпријатија ќе се зголемат за одлагање на отапад на далечина, сето тоа е поврзано со економската ситација во државата, но ние како општина секако би го поддржале таквиот проект … вели, Велески (23.15 мин )

Дивите депонии се на совест на граѓаните не се во прилгог на околината!

СТОРИИ ОД ГРАЃАНИ

Кај Дабнички завој, купишта комунален отпад, околу споменикот посветен на 19-мината прилепчани кои на 19 септември 1942 година, биле брутално убиени на ова место, од страна на фашистичкиот окупатор. Наместо тука да има дрвца, мала шумичка, зеленило и птичји пој, околу просторот кај споменикот од “Дабничкиот масакр” еко катастофа!

На ул. „Ѓорче Петров„, граѓанин се жали на постојаното фрлање на градежен шут, на  земјиште, како што вели тој, „во државна сопственот„, кој тој постојано го чисти, но повторно сметот и комунален отпад се натрупуваат  на тоа место и постојано бара помош од надлежните институции …

Трговскиот Бизниз центар во ценарот на градот , е нова ужасна еко „бомба“. Токму во центарот на Прилеп во внатрешноста на зградата, купишта смет, употребени шприцеви и не поднослива реа од распаднат отпад е сликата која е непријатна. Граѓаните кои ова го регистрираа, велат никој не доаѓа да го исчисти овај простор. „Деловните простори,  кои се во трговскиот центар, се во приватан сопственост, и не се користат, но тоа не значи дека ова место треба да наликува на депонија, каде покрај лошата миризба, преставува и потенцијална простор на зараза.„-велат тие. А, само од другата страна на импровизиранат врата кој го спречува отпадот да „излезе„, она каде што има детски парк, позад Участакот.

https://www.facebook.com/radiopela/videos/461723211565417

 „ Поплаките и сугестиите треба да бидат адресирани до ЈКП „Комуналец„  Ние како одговорни за одржување на јавно прометните површини сме должни да преземаме мерки за ваквите проблеми. На патот за Дабички завој, жал ми е што затекнавме ваква состојба, но жителие од УЗ „Тризла 2„ се најодговорни за ова. Сепак, ние како ЈКП не бегаме од одговорноста дека треба да ја санираме ситуацијата . Презедовме акција со нашите најгабаритни машини. Но, најпрво требаше да го пробиеме патот, бидјеќи тој беше затрупан со комунален и градежен отпад, намештаи,искршени плочки итн, дури наидовме и на гупишта  изгорена кабелска жица, за да се дојде до метал, па дури потоа можевме да стигнеме до локацијата во близина на споменикот „Дабнички масакар“, по ризик дури и да ги оштетиме машините кои веќе одамна се застарени , со цел да се зачисти тој предел. Но, таму е потребно работа од 15 /20 дена со целата механизација која што ја има ЈКО„Комуналец“ за да може се исчисти тој простор -толку има отпад во тој дел. Дури потребна е и механизација од градежната оператива од Прилеп и сеопшта акција каде ќе се вклучи и локалното население. Но, пред се треба да се работи на свеста и совеста на граѓаните! Што се однесува до бизнис трговскиот центар; зад зградата од Бизнис центарот сме чистеле во повеќе наврати, но во зградата немаме ингеренции да чистиме. Тука „куќниот совет“, сопствениците на деловните простори,  треба да водат сметка за хигиената  „-потенцира Сашо Велески, дир. на ЈКП Комуналец во емсијата „Одговронсот и одговори„ (2:15 мин)

– Имаме добра законска легислатива, но проблемот е што не се почитува законот. Во однос на комуналната инспекција и комуналните редари, соработуваме како претпријатие, но дали бројчано се не доволно екипирани, дали е преголема територијата која треба да ја опфатат за вакви акции, не знам, но комуналните инспектори сметам дека треба максимално да се вложат за да имаме почиста животна средина. Вратите на општината се секогаш отворени за вакви проблеми, а граѓаните можат да не контакитраат и нас и да да бидат поактивни во детектирањето на еко проблеми. Што се оденсува до казнената политка, таа не е во наш домен . Но, важмо е и УЗ да не контактираат за вакви проблеми за систематско решавање на еколошките состојби.-вели Сашо Велески ,дир. на ЈКП Комуналец-Прилеп (17:15 мин)

Би можело да ве интересира

Под кои услови не можат да работат стоматолозите?

Гордана Цветаноска

Фото-кампања „СОС Сакаме #СтрујаодСонце“

Елизабета Филипоска

Како и кога започна Пивофестот во Прилеп?!

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе