Денеска беше осветен новопоставениот крст, во паркот пред параклисот Св.Никола, во прилепската населба Жабино Маало, токму на денешиот православен празник „Свети Талалеј.“ Крстот е висок 6 m. , а широк 3 m. и е симбол на верата на постоењето на христијанството на овие простори.


Жителите од населбата Жабино Маало присуствуваа во голем број ,одавајќи притоа почит на чинот на осветување . Крстот е изработен на иницијатва на Оливер Лозаноски, жител од оваа населба „,а за негова изработака донира пријатели, роднини и дијаспората„ – вели тој
Инаку, вербата и љубовта во Бога, сплотеноста на жителите од оваа населба, беше поттик за повеќе граѓани да донираат и овој парк во населбата Жабино Маало да биде збогатен со уште еден христијански симбол.

На чинот на осветување присуствуваше и грдоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски кој при оваа прилика ја истакна важноста од меѓусебното почитување, хуманоста и солидарноста, „како принципи врз кои се темели нашето општество„ -рече тој .