5 C
Прилеп
сабота, 22 февруари, 2025
Пела Радио

Екипата на Младост 96 е нов македонски шампион во пинг-понг (фото)

Екипата на Младост 96 е нов македонски шампион во пинг-понг. Денес во финалниот натпревар од супер лигашкиот плејоф, екипата на Младост 96 Прилеп го победи градскиот ривал Младост од Прилеп, со 4:1. Предводени од тренерот Гоце Тошески, Младост 96 стигна до првата титула,славејќи убедливо на секој натпревар во текот на целата сезона. Прилепските пингпонгари остварија дваесет победи од исто толку натпревари што е своевиден рекорд во македонското првенство.

Српскиот интернационалец во редовите на Младост 96, Стефан Костадиновиќ го отвори резултатот за водство од 1:0 против Теодор Кироски, на 2:0 за Младост 96 зголеми Петар Костовски кој славеше против Теодор Волканоски за кого ова беше прво финале на еден плеј оф натпревар.

Претходно вчера Волканоски ја освои титулата Државен првак во поединчна конкуренција за јуниори.

Во реприза на овогодинешното финале на државното првенство за сениори, Кристијан Станојковски повторно славеше над Ѓоко Јочкоски за убедливи 3:0 за Младост 96. Единствената победа за Младост ја извојува Кироски во мечот со Андреј Лашкоски. За конечни 4:1 се погрижи Костадиновиќ надигрувајќи го Јочкоски, со што Младост 96 се закити со титулата првак за сезоната 2020/21.

Би можело да ве интересира

Божидар Мојсов нов тренер на РК Прилеп

Пела Редакција

Ќе биде интересно до крајот во ракометната битка за опстанок – пелагониското дерби за Еурофарм Пелистер 2 (ВИДЕО +ФОТО)

Никола Димески

Илија Несторовски потпиша за второлигашот Асколи (ВИДЕО + ФОТО)

Никола Димески

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе