Од приватни видеа, кои, наводно, се појавиле на социјалните мрежи, каде на Ромите им бил забранет влаз во базенот на спортско рекреативниот центар „Маркови кули„ кој е во приватна сопственост, претставници од граѓанската иницијатива „Аваја „ денеска имаа средба со прилепскиот градоначалник, потенцирајќи дека со оваа забрана Ромите биле дискриминирани .
„Ромите не се граѓани од втор ред и не треба да бидат диксриминирани. Секој има право да користи јавна услуга. Свесни сме дека и изминатите години, а и сега не им е дозволено пристап до јавни услуги, а посебно до градскиот базен. Чест ни е што и Општина Прилеп и градоначалникот ова го препознават како системски проблем. Ние одлучивме дека ќе ги искористиме сите механизми, дека ќе поднесеме преставка до комисијата за заштита и дискриминација, дополнително ќе поведеме судска постапка. Вчера беа вратени околу 50 Роми, каде не им беше дозволен влез, оневозможено на користење на јавна услуга, истото го документиравме, поднесено е до институциите на државата, а дополнително Ромската заедница ќе се организира на мировен протест од населбата Тризла до градскиот базен. Воедно и на другите лица во тој момент не им било дозволено од друга етничка заедница.„ -истакна, Џингес Бериша преставник од граѓанската иницијатаива Аваја и станица 5 и додаде „ Поаѓајќи од минатите години и другите базени и локали (мислам на кафичи ) кои нудат јавна услуга, ја повторуваат истата пракса со Ромите„ –рече тој. А, на новинарско прашање „ „Како се препознаваат Ромите?!„ тој потенцира дека тие имаа специфична боја на кожата и дискриминирањето се прави врз основ на изгледот.
Градоначалникот на Прилеп Илија Јованоски посочи дека со конституирањето на нашата земја како самостојна и суверена држава, се воспостави и зацврсти владеењето на правото, со цел да се гарантираат човековите права и граѓанските слободи, да се обезбеди мир и соживот.
„Во Уставот на РСМ, недвосмислено е кажано дека граѓаните се еднакви во слободите и правата независно од полот, расата, бојата на кожата, националното и социјалното потекло, политичкото и верското уверување, имотната и општествената положба. Оттаму, како градоначалник на општина Прилеп, но и како граѓанин, најостро го осудувам дискриминаторскиот однос на менаџментот и вработените во спортско-рекреативниот центар „Маркови кули“, кон наши сограѓани од ромската етничка заедница, на кои, според нивното кажување, не им бил дозволен влез на отворениот базен. Владата на нашата држава и ние како локална власт, безрезервно сме посветени на концептот за градење едно општество за сите. Општество во кое сите граѓани се еднакви пред Уставот и законите и во кое ограничувањето на слободите и правата не може да биде дискриминаторско по ниедна основа.
„ Од тие причини, сите оние на кои им било скратено правото да ги користат услугите на овој или било кој друг спортско-рекреативен објект, институција или организација, ги охрабрувам да поднесат претставки до институциите кои се задолжени за почитување на правата на граѓаните и нивна заштита од дискриминација. Во таа насока, денеска одржав средба со претставниците на граѓанската иницијатива „Аваја“ и станица пет.. Истовремено, упатувам апел до сите правни и физички лица од нашата општина, до сите граѓани на општина Прилеп, за покажување солидарност, емпатија и почит кон припадниците на сите етнички заедници. Само обединети и со меѓусебно почитување, без разлика на нашата етничка, верска, расна, полова и друга припадност, ќе изградиме едно општество за сите, кое ќе биде гаранција за подобар живот на сегашните и идните генерации.“- информира на прес конференцијата првиот човек на градот, Јованоски .