3.4 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Нема да се гради сообрајќаен кружен тек кај Табана- ќе има нова градинка за деца од предшколска возраст

11-та седница на Советот на Општина Прилеп  измина во дебата меѓу власта и  опозицијата,за повеќе точки од дневниот ред. На дневен ред  пред советниците се најде годишна сметка на Буџетот на локалната самоуправа Прилеп за 2017 година ,годишенниот извештај на Општина Прилеп за 2017 година и  Квартален Извештај за Извршување на Буџетот на Општина Прилеп за четврт квартал од 2017 година.

Градоначалникот на Прилеп излезе со бројки за перзадолженост на општината, и според неговот излагање Општината моментални не е во добра финсиска кондиција.

Претседателот на Советот на Општина Прилеп, Миле Талевски образложи дека имале конструктивна Седница и истакна : „Советот,покрај другите одлуки  донесе одлука за отпочнување со работа на нова градинка во прилеп,во порсториите на ООУ  „Рампо Левката„,бидјеќи во текот на предизборната кампања ветивме дека голем број градинки ќе ги отвориме,бидејќи граѓаните имаат проблем со малите сместувачките капацитети за деца од претшколска возраст. За неколку дена градинката ќе започне да работи„-рече тој.

Опозицијата и овој пат настапи  конструктивно, задржувајќи се за одредени точки на дневниот ред, а особное советничката група на ВМРО ДПМНЕ најмногу беше револтирана за одлуката да не се гради кружен тек кај мостот на реката „Табана“,со која што предходната власт планираше да се реши состјбата.

„По едно мое советничко прашање, до каде е состојбата со проектот за изградба на кружен тек и доизградба на улицата „11 Октомври“, односно за кружниот тек на „Табана“, добив писмен одговор од градоначалникот дека овој проект се прекинува по негово барање, по консултација со некои стручни лица. Ова беше проект на локалната самоуправа, за кој се аплицирало во 2016 година. Проектот е одобрен од страна на Светска банка, оценет е како добар и од сегашниот градоначалник, но од незнам кои причини тој решил да го прекине. За ова треба да бидат информирани граѓаните на Општина Прилеп-рече ,координаторот на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ,Петар Ристески

Инаку, овај мостот беше проект на поранешната локална самоуправа и требаше да се гради со кредит од околу 2 милиони евра од Светска банка која според тогашната локална власт беше со ниска  камата  а за успешно реализираниот проект Општината требаше да добие 500.000 евра грант од Светска банка.

Градоначалникот Јованоски по ова прашање на говорницита истакна дека освен висината на парите проблем било и тоа што во проектот немало техничко решение за тесното грло кое се појавува од мостот до фурната „Плетварец“.

Освен овие точки, на дневен ред на Седницата на Советото на Општина Прилеп се најдоа и Одлука за усвојување на тримесечниот извештај за финансиското работење на ЈП за ПУП Прилеп , Годишната сметка и Извештајот за работењето за 2017 година, на ЈП за ПУП Прилеп. ,годишната сметка за 2017 година, на ЈОУ Дом за стари лица ’’Киро Крстески –Платник’’-Прилеп, Годишниот извештај за реализираните активности за 2017 година, на ЈОУДГ ’’Наша иднина’’-Прилеп,како детални урбанистики планови

Би можело да ве интересира

Ќе се осветлува патот до крушевското езеро и водоснабдување за во индустриската зона„Опаленик“

Елизабета Филипоска

Парична казна за производител на сирење во Ново Лагово и месар во Прилеп

Пела Редакција

Синдикалците за празникот ќе маршираат разединети

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе