2.4 C
Прилеп
сабота, 22 февруари, 2025
Пела Радио

(Фото) Го организираа и ги „собраа„ медалите – Ветераните на ЏК Сеишин со 8 медали на Второто Државно Првенство во џудо за Ветерани

Традицијата продолжува! Прават се’ џудото да им го доближат на младите и да бидат пример на младата популација за спортување и промоција на џудото. Поранешните македонски џудисти успеваат да го искористат целото реноме кое го имаат, знаење и искуство , во насоката на она што го започнаа во 2019 година, да се натпреваруваат како ветерани и да го пренесуваат искуството.

И, токму во таа насока, без присутво на публика почитувајќи ги здравствените мерки и препораки, денеска во Прилеп се одржа Второто Државно Првенство во Џудо за Ветерани, во спортската сала на СОУ “Ристе Ристески – Ричко” Прилеп, во организација на Џудо Федерацијата на Македонија, со техничка организација и поддршка на прилепскот Џудо Клуб Сеишин .

И, на ова натпреварување, ветераните на ЏК Сеишин Прилеп доминираа, беа најуспешен во Ветеранска конкуренција, со 4 златни, 3 сребрени и 1 бронзен медал. Џудо клубот Сеишин – Прилеп настапи со 8 натпреварувачи и освои исто толку медали.

Поединачни резултати на ветераните :

1. Мартин Ристески 1 место

2. Маке Спиркоски 1 место

3. Томе Јосифоски 1 место

4. Сашо Димовски 1 место

5. Киро Здравески 2 место

6. Менде Илиоски 2 место

7. Тони Бурнески 2 место

8. Ацо Божиноски 3 место

Покрај Сеишин, со Ветерани настапија и Клубовите Ипон Скопје, Пелистер Битола, Санкаку и Прилеп од Прилеп. На отварањето ова Првенство доби поддршка и од страна на Здружението на спортски ветерани Прилеп чие обраќање имаше Претседателот на Здружението Глигурче Локвенец.

Би можело да ве интересира

Сообраќајка на Плетвар одложи три меча- одиграа Динамо од Мажучиште и Слога од Лажани

Ќе биде интересно до крајот во ракометната битка за опстанок – пелагониското дерби за Еурофарм Пелистер 2 (ВИДЕО +ФОТО)

Никола Димески

Од десет џудисти 10 медали

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе