11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Maгичниот круг на детските бракови – тенка линија помеѓу традицијата и трговијата со луѓе

Детските бракови, особено изразени во ромската популација, сеуште преставуваат „тенка линија“ помеѓу традицијата и трговијата со деца. Тоа го потврдуваат сведоштвата, жртвите, од повеќе градови и населени места од земјава, чии имиња заради заштита на идентитетот не ги споменуваме. Според конвенцијата на Советот на Европа, во рамките на сегментот практики слични на ропството, Радио Пела обработи радио сторија за еден од скриените феномени на трговијата со луѓе- детските бракови. Целта на аудио сторијата е подигнување на свеста на ранливите заедници за опасностите поврзани со трговијата со луѓе, со посебен фокус на трговијата со луѓе за детски бракови како ризик за појава на трговија со деца.

Сторијата ќе придонесе за детeктирање на причините кои доведуваат до неформални или формални брачни заедници во кои се вклучени малолетници, последиците од таквите постапки, како и за сите мерки што се преземаат од страна на институциите, невладиниот сектори и меѓународната заедница за спречување на оваа појава.

Во истражувачката сторија, покрај жртвите, користени се изјавите на : Ашмет Елезовски од Националниот ромски Центар –Куманово, Несиме Селиоска, едукатор и активист во борбата за човекови права, Билјана Јовановска од Здружението за акција против насилство и трговија со луѓе Ла Страда Отворена Порта – Скопје, социјалниот работник, Јасминка Митреска, Дејан Тошески дир. на МЦСР – Прилеп, Лејла Дервишагиќ, оперативна директорка на Програмската канцеларија на Советот на Европа-Скопје, државната секретарка на Националната комисија за борба со трговија со луѓе при МВР на Македонија , м-р Магдалена Несторовска.

Истражувањето е дел од проектот “MEDIA REPORTING ON TRAFFICKING IN HUMAN BEINGS IN NORTH MACEDONIA” и има за цел подигнување на свеста на ранливите заедници – Ромите за опасноста поврзана со трговијата со луѓе, со фокус на трговија со луѓе за детските бракови како скриена појава на трговија со деца. Исказите и сведоштвата служат како пример за детектирање и пренесување на јавноста за реалната слика за детските бракови во една од најранливите заедници – Ромите.

Оваа статија/сторија е изработена со финансиска поддршка на Европската Унија и Советот на Европа. На ниеден начин не може да се смета дека гледиштата изразени во истата го одразуваат мислењето на Европската Унија или на Советот на Европа.

 

Би можело да ве интересира

Slow food со уште едно успешно пазарче во Прилеп

Пела Редакција

Донација на ЛАГ АГРО ЛИДЕР и СОЛАР Македонија за СОУ “Орде Чопела” – Прилеп

Пела Редакција

(ВИДЕО)„Мрзливиот ќелеш и змијата“ иновативна радио драма во реализација на Театарска работилница Прилеп

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе