14.4 C
Прилеп
понеделник, 16 септември, 2024
Пела Радио

Жена, пешак, тешко повредена во сообраќајка во Прилеп

На 07.07.2021 во 21.40 часот било пријавено дека во Прилеп на ул.„Пере Тошев“, патничко возило „опел астра“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од Т.Ј.(52) од Прилеп удрило во пешакот В.Н.(51) од Прилеп. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила В.Н., констатирани во Градската болница Прилеп. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од Полициската станица Прилеп.

Од полицискиот билтен и информацијата дека истиот ден на 07.07.2021 во Полициско одделение Кривогаштани, Ф.О.(36) од с.Пресил, крушевско пријавило дека во казино во Кривогаштани бил физички нападнат од едно лице од с.Крушеани. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Денеска, 08.07.2021 на плоштадот пред Домот на културата во Прилеп, Х.С.(24) од Прилеп го нарушил јавниот ред и мир со викање и непристојно и дрско однесување. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Би можело да ве интересира

Во сообрајќана незгода на патот Битола – Прилеп загина млад човек

Елизабета Филипоска

Пожар ќе го пеплосаше с.Оревоец

Елизабета Филипоска

Фабриките за медицински канабис од Прилеп и Битола останаа без дозволи

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе