8 C
Прилеп
вторник, 1 април, 2025
Пела Радио

Дури, пет прилепски момчиња се дел од македонската кадетска репрезентација

Машката кадетска репрезентација на Македонија во Охрид ги продолжува подготовките за настапот на ЕХФ шампионатот што ќе се игра во Скопје.

Во оваа селекција на селекторот Лазаров се наоѓаат 5 играчи од РК Прилеп: Хари Павлов , Божидар Илиески, Теодор Тодески, Сашко Манчески и Ѓорѓи Ерманоски. Но, во составот на кадетската репрезентација е уште еден прилепчанец во рамките на стручниот штаб – тренерот Ице Соколески, кој е дел од стручниот штаб на Кирил Лазаров,со што Прилеп може да се пофали дека останува расадник на македонскиот ракометет.

Кадетите ќе одиграат четири пријателски средби. Денеска и утре против Италија, а на 25 и 26 јули ќе се сретнат со Црна Гора.

Претстојното EHF М19 Championship ќе се одржи во Скопје, Македонија во период од 09 до 15 август. На EHF М19 Championship репрезентацијата на Македонија е во А групата, со репрезентациите на Грција и Полска.

Би можело да ве интересира

По шести пат „ФИС ролер ски куп Тоше Проески“ во Крушево

ПОСТАВЕНИ ПРВИТЕ 200 СЕДИШТА НА ПРИЛЕПСКИОТ СТАДИОН

Гордана Цветаноска

ЏК Сеишин на државните првенства во џудо за пионери и сениори освои 16 медали (ФОТО)

Никола Димески

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе