13.9 C
Прилеп
петок, 9 мај, 2025
Пела Радио

Риjека „бендиса„ две фудбалерки на прилепска Деспина

Даниела Велеска и Михаела Настовска, досегашните фудбалерки на прилепска Деспина се нови членки на хрватскиот клуб Ријека. Тие се приклучија на екипата која пред неполни два месеца избори пласман во Првата хрватска лига.

Велеска е искусна, 24-годишна, со настапи во одбраната на А-репрезентацијата на Македонија, а Настовска млада, 15-годишна, талентирана за повеќе позиции. Нивниот трансфер е повод за соработка меѓу двата клуба, Ријека и Деспина, па наскоро се очекуваат и меѓусебни пријателски мечеви.

А, за Деспина да остане силен македонски прволигаш, стручниот штаб доведе шест нови фудбалерки од Македонија: тетовчанката Кристина Павлоска, битолчанките Теодора Јанковска, Маргарита Талевска, Теодора Петровска, Стела Најдовска и Теодора Бумбароска, досегашни членки на Топ-Гол од Битола.

Би можело да ве интересира

(ФОТО) Џудо клубот „Сеишин“ прв на табелата во натпреварувачката сезона 2019 – Теодора Димеска најуспешен натпреварувач

Елизабета Филипоска

ПРИЛЕПЧАНИ ОДИГРАА ШАМПИОНСКИ ВО ШТИП

“Tuning Car Show” во Прилеп – несекојдневна автомобилска глетка за уживање (ФОТО)

Никола Димески

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе