1.6 C
Прилеп
сабота, 18 јануари, 2025
Пела Радио

Прв собир на суперлигашот РК Прилеп – КУЗМАНОСКИ: МОРА ПОВЕЌЕ ДА ТРЕНИРАМЕ ОД ЛАНИ

Вечерва во салата на СОУ „Ристе Ритески – Ричко“ машкиот ракометен суперлигаш РК Прилеп го одржа првиот собир, со кој е означен стартот на подготовките за претстојното првенство. Пред шефот на Стручниот штаб, Горан Кузманоски – Таста, беа речиси сите првотимци, освен тројца. Оправдано отсуствуваа десниот бек Хари Павлов и пивотот Сашко Манчески, кои имаат обврски со Младата репрезентација на Македонија, како и засилувањето од Србија, десниот бек Жарко Барјактаревиќ, чие доаѓање се очекува деновиве. Вториот нов, левиот бек Христијан Милошески, беше на прозивката.

Клубот како цел го има опстанокот во елитното друштво.

Добро да внесеме пак една добра „хемија“, едно другарство во екипава – фактор што ни носи успех. Имаме претежно млада екипа, па мора да се запамети едно – тешко е да се остане на врвот. Сите суперлигашки екипи се засилени. Затоа мора уште повеќе да тренираме оти претстои многу тешка сезона – рече Кузманоски.

По кондицискиот дел, претстојат техничко-тактички тренинзи, па пријателски мечеви за уигрување, дотерување на формата. Закажани е прв дуел со Еурофарм Пелистер 2. Од полза ќе биде и Турнирот „Миле Нешкоски“ од 31 август до 2 септември каде учесници, покрај РК Прилеп и Еурофарм Пелистер 2 ќе бидат Тиквеш, Голден арт, Струга и српската Дубочица. Суперлигашкото првенство почнува на 8/9 септември, со гостување на Бутел во Скопје.

Би можело да ве интересира

Четири контролни натпревари, четири победи на Победа

Елизабета Филипоска

Победа утре стартува со подготовките за пролетниот дел

Елизабета Филипоска

Меѓународна мото-крос трка „Томб рајдерс“ кај Прилеп (ГАЛЕРИЈА)

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе