11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Попоски: На виделина излезе безидејноста и очајот на најголемата опозициска партија

“Синоќа на истово ова место, Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ одржаа партиски митинг, при што на виделина излезе безидејноста и очајот во кој се наоѓа најголемата опозициска партија“.- соопшти денеска Филип Попоски, портпарол на ОО СДСМ Прилеп, стојеќи пред камента бина во Прилеп

„Синоќа, Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ покажаа зошто се наоѓаат 4 години во опозиција и зошто ќе останат таму најмалку уште толку. Во деновите кога комплетното поранешно државно и партиско раководство на ДПМНЕ, чиј најблизок соработник беше токму Мицкоски, е осудено на повеќегодишни затворски казни заради пљачкосување на сопствената држава, тој бесрамно зборуваше за борба со криминалот и корупцијата. Марионетата на унгарскиот бегалец вети изградба на автопат од Велес до Меџитлија, во моментите кога во полн ек е изградбата на експресниот пат Градско-Прилеп и кога Владата на СДСМ веќе го најави автопатското решение од Прилеп до Битола. Мицкоски зборуваше за изградба на булевари, а на само десетина метра од него се наоѓаше еден од најубавите и најсовремени булевари во нашата држава, реконструиран за време на актуелната локална власт предводена од СДСМ. Првиот човек на најбогатата партија во Европа, без срам и перде зборуваше и за изградба на спортски објекти, а притоа самиот помина покрај целосно реновираниот Градски фудбалски стадион „Гоце Делчев“, кого неговите сопартијци го оставија уништен и руиниран, на рамниште на ливада. Почитувани, Жална и губитничка беше синоќешната атмосфера на овој плоштад. Бидејќи, кога лидерот на една партија не го знае името и презимето на човекот кого дошол да го промовира како свој кандидат за градоначалник на Прилеп, во најмала рака значи негово понижување и девалвирање. Меѓутоа, тоа е најјасната порака која Мицкоски на директен начин им ја соопшти на своите сопартијци, но и на сите граѓани на Прилеп: дека дури и нему му е јасен исходот од претстојните локални избори. Дека на октомвриските избори СДСМ ќе извојува уште една победа, дека локалната власт во Прилеп и во следните 4 години останува во рацете на СДСМ и коалициските партнери!„-соопшти Попоски, од ОО СДСМ ПРИЛЕП

Би можело да ве интересира

Седница на Совет: Пензионерите со ниски примања ќе продолжат да се возат бесплатно во јавниот градски превоз, „зелено светло„ за финансирање на спортските клубови…

Пела Редакција

Опозицијата повторно критична за начинот на доделни субвенции за клима и точаци

Елизабета Филипоска

Пендаровски: Ќе бидам претседател на граѓаните и за граѓаните

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе