11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

РЕАКЦИЈА НА ОПОЗИЦИЈАТА:Иронично е од СДСМ да зборуваат за криминал

ОК на ВМРО ДПМНЕ со соопштение до медиумите упати реакција на говорот на ОО на СДСМ – Прилеп.

Наместо да излегуваат од СДСМ со смешни пресконференции, нека им се извинат на граѓаните за залудно потрошените 4 години од мандатот во неработење. Иронично е од СДСМ да зборуваат за некаков криминал, кога токму во нивно време Прилеп од европски град, се претвори во град на мафијата. Град во кој царува корупција, дрогата, рекетот и безаконието. Можеби затоа Прилеп во моментов има двајца командири на полициска станица!За бизнисите со марихуани во државата, да не ни споменуваме.

Нивната неспособност оди до таму што не можат да го одржуваат ниту она што го наследија, а не пак да направат и изградат нешто свое. Да ги потсетиме дека прескапо платениот булевар со кој упорно се фалат, а треба да се срамат, претрпе реконструктивни зафати веднаш после првиот пообилен дожд. Толку за „најубавиот“ булевар. Она што можеше да се види во текот на вчерашната трибина, беше огромната бројка на присутни, кои јасно и гласно испорачаа дека сакаат промени во Прилеп!

Впрочем разбирлив е стравот во СДСМ. Затоа сè уште калкулираат со кандидатот за градоначалник. Знаат и самите дека треба да изберат човек кој ќе биде подготвен да претрпи убедлив пораз и со тоа да заврши со политичката кариера. Стравот е голем затоа што после поразот следува одговорност за сите оние кои се огрешиле пред законот и безочно се богателе со парите на граѓаните. Токму граѓаните во октомври, преку големата победа на ВМРО-ДПМНЕ, ќе им порачаат колку се задоволни од преспаниот мандат на Илија Јованоски и локалната власт предводена од СДСМ!„ – пишуваат во соопштението до јавноста од ОК на ВМРО ДПМНЕ – Прилеп

Би можело да ве интересира

Сугарески кандидат за „татко„ на градот под Марковите кули од редовите на СДСМ

Елизабета Филипоска

ВМРО ДПМНЕ со д-р Борче Јовчески како кандидат за градоначалник ќе ги „трча“ локалните избори во Прилеп

Елизабета Филипоска

Филипче и Јованоски отворено со граѓаните: „Го зголемивме животниот стандар, реализиравме многу проекти„

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе