Претпладнево, два пожари речиси во исто време во Прилеп, во населбата Марино Мало каде избувна пожар во семејна куќа и пред влезот на Мало Коњари во викендичка. При интервенциите повреден бил еден пожарникар.

-Околу 10 часот имавме пријава за пожар на улица Октомври бр 64, првично е интервенирано со 2 возила со постоечките сили што ги имаме. Во истото време имавме и пред Мало Коњари, пред влезот, исто на викендичка на куќа. Интервенирано е со 2 возила и со 5 пожарникари. Времето е идентично, на настанатите пожари. Пожарот и на двете куќи беше избиен на кровот, односно ние викаме во разбувтана фаза, во развиена фаза со со паднат кров.
На улица Октомвриска дел од покуќнината од наша страна и од граѓани е извадено тоа што можеше да се спаси од покуќнината. За жал имам една неубава вест, имаме повреден еден колега – пожарникар. Интервенираше Брзата помош и тој е пренесен во прилепската градска болница, вели Јосе Јорданоски од ТППЕ Прилеп.
Со состојбата на опожарената куќа во Прилеп се запозна и градоначалникот Илија Јованоски.

