Во Првото коло во ВМФЛ – ИСТОК , Победа на својот стадион “Гоце Делчев“ и пред својата публика, која дојде да го поддржи својот миленик, го победија Кит Го со 2:1, иако губеа на полувреме со 0:1. (0-1 Андонов 33 мин, 1-1 Даниел Карчески во 70 мин и 2-1 Дарко Ангелески, 78 мин од пенал).
Фудбалерите потврдија дека ќе го „дадат срцето на терен„ пред својата публика, играјќи после неколку години прв првенствен натпревар на возобновениот стадион, па и покрај водството на госите, тие успеаа второто полувреме да го преточат во своја корист. Во 70 мин. Карчески се проби низ гостинската одбрана и постигна гол за нерешен резултат што ја крена публиката на нозе, која е желна за добар фудбал.
А, потоа само неколку минути госите направија прекршок во својот шеснаесетник, соборувајќи еден од прилепските фудбалери, при што главниот судија не се двоумеше да покаже на белата точка. Во реализацијата на пеналот за Победа успешен беше Ангелески и му ги донесе првите три бода на ФК Победа краен ,резултат 2:1.
Во продолжението по 90 мин. , госите имаа уште една посериозна шанса , но резултатот остана не променет, а фудбалерите гордо се поздравија со својата верна навивачка група „Мајмини“ .