3.4 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Изложба „Светлина“ од уметницата Марта Макеска во Прилеп

Во Ликовната галерија на ЦК „Марко Цепенков“ ,утре, 27 август, во 20 часот ќе биде отворена изложбата „Светлина“ од уметницата Марта Макеска.

Творечкиот сликарски опус на уметницата Марта Макеска претставен на изложбата со наслов „СВЕТЛИНА“ го сочинуваат многубројни монументални платна и минијатури, изработени во техниките – акрил на платно и колаж. Културните – историски споменици,  кои што го симболизираат опстанокот на градот Прилеп низ вековите – Градскиот Саат, Маркови Кули и Богородичниот Манастир во Трескавец, се насликани на монументалните платна. Експресивниот израз и робустните форми, дополнително ја зголемуваат импозантноста на архитектонските структури и нивниот симболизам“, вели меѓудругото во најавата на изложбата Викторија Димеска, историчар на уметност.

Макеска е родена 01.03.1971 год. во Прилеп. Дипломирала на ФЛУ Скопје 1996 во класата на проф.Рубенс Корубин.

Учествувала на ликовни колонии во Прилеп и Кичево, на групни изложби на ДЛУП и самостојна изложба во 2007 год. Вработена е како ликовен педагог во средно училиште во Прилеп од 1997 година.

Би можело да ве интересира

„Со почит кон…“ рок и поп концерти на прилепски групи на Камената бина

Пела Редакција

Љубители на Jazz дојдете во Прилеп на џез викенд!

Трио Долче во Цепенков ќе настапи со „Сеќавања на едно лето“

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе