Австрискиот пратеник во Европскиот парламент Томас Вајц, копретседател на Групата Зелени во Европскиот Парламент, како експерт за животната средина, беше во посета на Прилеп, Битола и Охрид. Во Прилеп го разледа фукционирањето на депонијата Алиници, како најголема депонија во регионот. Се запозна со селекцијата на отпадот во Прилеп, начинот како се депонираат видови опад, (хартија, стакло, пластика…), како и со функционирањето на депонијата. Тој пристигна по покана на партијата на зелените во Македонија, ДОМ, во присуство на претседателката Маја Морачанин, членовите од партијата ДОМ, и како домаќин, советникот во Советот на Општина Прилеп од редовите на ДОМ, Елизабета Сурлаџија.


„Вакви депонии мора да станат минато. Решението е во селектирање, рециклирање на отпадот, за сосема мала количина отпад да остане за депонирање во регионални санитарни депонии. Отпадот е долг процес, сака време граѓните да научат да го селектираат. Најпрвин потребно е едукација за селекција и сепарација на отпадот, за помалку користење пестициди во земјоделството, за помало загадување на почвата и повеќе користење на компосот, кој се произведува од отпад, за наѓубрување на почвата.. Глобалното затоплување е видливо и потребно е да се бориме против тоа и да видеме како може да делуваме за заштита на околината, на животната средина.. Јас сум го посетувал овој регион и гледам подобрување во однос на собирањето и селектирањето на отпадот, што има огромно влијание врз намалувањето на загадувањето на водата и реките.Сметам дека чистата вода или пивката вода за пиење, ќе биде една од најбараните и најскапоцените ресуср во светот. Тоа нема да биде ниту златото, ниту нафтата.. Најбараниот енергенс ќе биде чистата вода. И, најважно за иднината на земјата е да се заштита ресурсите на вода колку што може повеќе. Треба заедно да делува заедницата и секој еден поединачно, со цел да се сфати дека ова е негова земја, земја на неговите поколенија, и таа треба да се чува од понатамошно загадување . Третирањето на водата треба да биде на највисоко ниво. Ово е единствената шанса за земјата како би можела преку финансиска поддршка на ЕУ фондовите да го промени свој економски модел, кој ќе бити и иден модел на функционирање на Европа – рече австрискиот пратеник во Европског парламента, Томас Вајц.

„На преден план важно е да ги намалиме мисиите на издувни гасови. Тоа е ЕУ што го прави . Европската Унија со „европскиот зелен договор„, декларираа Европа да стане климатски неутрален континент 2050 г, а тоа значи премин кон користење на обновлива енергија. Во Македонија тоа е ветрот и сонцето. Недозволиво е земја на сонцето, како нашата, толку малку да го кориси за производство на електрична енергија. Само 2% да е производството од Сонце , а останатото од други ресурси: јаглен, вода, итн. Ние на централно ниво мора да го следиме тоа „зелено сценаријо„, тој процес на транзиција што го прави Европа, за користење на обновливите извори на енергија. За таа цел и центарлно, и на локално ниво, можат да се издвојат средства за таа намена и граѓаните, но пред се јавните објекти училишта, општинските згради,културни домови …да користат што повеќе обновливи извори на енегија за своите потреби, со цел да ја намлат потрошувачкат на ел.енергија поставувајќи фотоволтаични панели и со тоа да заштедат од трошоците од општинскиот буџет – потецира , Маја Морачанин претседател на ДОМ.

Претставниците од Европската зелена партија во Европскиот парламент со своите домаќини ја посетија Битола каде се детектираше остојбата со загадувањето на воздухот од РЕК Битола и во Охрид, а европските гости беа запознати со проблемот со колекторот и диво изградените објекти.