22.5 C
Прилеп
четврток, 25 јуни, 2026
Пела Радио

(Видео и фото) Падна првиот снег во Прилеп. Каде треба вниматално да се вози?!

Падна првиот снег во Прилеп. Прилеп денеска се разбуди со температура од 0 степени целзиусови. Најниска темпратура утрово е измерена во на Попова Шапка – 5 степени. Врнежите од снег не создаваат проблем во одвивањето на сообрајќајот во градската средина,Но од АМСМ предупредуваат на внимателно возење.

АМСМ извести дека од 5:45 часот поради врнежи од снег е воведена забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Кичево, преку планинскиот превој Стража, додека од 5.00 часот исто таква забрана има и на патот Маврово – Дебар. Врнежи од снег со променлив интензитет утрово се бележат на Попова Шапка, Ресен, Крушево, Струга, Охрид, Делчево, Маврово, и на планинските превои Буково, Ѓавато, Пресека и Плетвар.

Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по влажни коловози, на некои повисоки места со наместа остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на Македонија пат. Дежурните екипи на ЈП МАКЕДОНИЈАПАТ се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.

Намалена видливост поради појава на магла од 30 – 40 метри утрово имаше на патниот правец Тетово – Попова Шапка и до 50 метри на планинскиот превој Плетвар.

Сите патни правци во државата се проодни. На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.

Надлежните апелираат на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

Би можело да ве интересира

Крај на печатите за пасоши – Од 12 октомври Европа го воведува новиот систем за влез/излез (EES) во 29 земји

Пела Редакција

Ќе се одрази ли врз локалната економија отпуштањето работници од „Генетерм“?!

Пела Редакција

Во родното Крушево одбележан 38-от роденден на Тоше

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе