5.4 C
Прилеп
петок, 15 ноември, 2024
Пела Радио

Експресниот пат Градско-Прилеп сега го гради кинеската „Синохидро“

Кинеската компанија „Синохидро“, како нов изведувач на експресниот пат Градско–Прилеп, работи со голема динамика и се очекува овој патен правец да биде пуштен во сообраќај во јули 2023, тврди министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски Владата инвестира 64 милиони евра за изградба на експресниот пат од Градско до Прилеп, кој се гради интензивно, истакна Бочварски при денешната работна посета во општина Прилеп, додвавајќи притоа  дека се надминати сите проблеми со изградбата на оваа делница .

На втората делница од Дреново до Фаришката клисура бележиме засилени градежни работи за доизградба на овој патен правец. Во соработка со ЈП за државни патишта успеавме да ги надминеме сите проблеми и сега имаме чиста траса на која во наредниот период очекуваме да има силна градежна активност.  Вредноста за изградба на оваа делница е 33,3 милиони евра. Претходно беа реализирани 35 проценти а сега новиот изведувач компанијата ‘Синохидро’ има обврска да го доизгради преостанатиот дел“, изјави Бочварски, кој заедно со градоначалникот на општина Прилеп, Илија Јованоски, изврши увид во градежните работи на експресниот пат Градско- Прилеп, на делницата Дреново-Фаришка клисура.

Министерот Бочварски и градоначалникот Јованоски извршија увид и во завршните работи за реконструкција на улицата „Мице Козар“, која е дел од втората фаза на проектот на Министерството за транспорт и врски и Светска банка за реконструкција на локалните патишта во сите општини. Во третата фаза од овој проект, како што најави Бочварски, целосно ќе биде реконструирана и улицата „Леце Котески“, во должина од 2 км.

Се работи на подготовка и на тендерската  документација за третата делница од селото Беловодица до каменоломот Маврово и проширувањето со по уште една лента во двата правци на потегот од  Ленишки мост до влезот на Прилеп. Во меѓувреме ќе се рехабилитира третата лента на Плетвар, најави министерот

Дирекоторот на ЈП за државни патишта Ејуп Рустеми нагласува дека овој пат е еден од најзначајните патни правци во државава,каде што дневно поминуваат и над 6 илјади возила од сите категории. Интензивни се активностите на делницата Дреново-Фариш.

Во моментов се изведуваат подготвителни работи, односно пристапни патишта,  механичарски и армирачки работилници и технички постројки. Ширина на делницата Дреново-Фариш е променлива. Пет километри се со асфалтна платформа од 12,4 метри што одговараа на експресен пат, а преостанатите повеќе од 5 километри се со платформа од 17 метри што одговара на автопат со намалена ширина“, рече директорот на ЈП за државни патишта Ејуп Рустеми.

На само десет километри во овој појас се градат два тунела, 21 мост, 5 подвозници, 11 потпорни ѕидови, еден кружен тек на локалниот пат со клучка кај Дреново и еден вијадукт. Изградбата на првата делница Градско–Дреново ја презема компанија „Штрабаг“, која интензивно работи.

Би можело да ве интересира

Прилеп го одбележа Денот на ослободувањето – 3 ти ноември (ГАЛЕРИЈА)

Гордана Цветаноска

Заев во Прилеп за пуштањето на модуларната болница и почетокот на изградбата на градинката во Точила

Елизабета Филипоска

Прилеп го донесе буџетот на Општината за 2018 година без присуство на опозицијата- Како буџетото ќе се реализира во наредната година ?

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе