-1.4 C
Прилеп
сабота, 22 февруари, 2025
Пела Радио

Престижната, Осмосептемвриска награда за заслуги во туризмот во рацете на хотел Панорама – Крушево

Крушево има чест на 8 ми Септември да чествува два големи празници – државноста и независноста на Македонија и ослободувањето на Крушево.

По повод денот на ослободување на Крушево, 8 ми Септември, се одржа свечена седница на советот на општина Крушево, на кој беа доделени признанија и награди на поединци, спортисти, институции, организации, правни субјекти, кои дали придонес во развојот на општина Крушево .

Осмосептемвриски признанија градот им додели на: Европскиот Совет за туризам и трговија од Букурешт за посебен придонес во афирмација на Крушево во областа на туризмот, СОУ Наум Наумоски Борче , за посебен придонес во одржување и негување на традицијата – со манифестацијата „”Дева – во чест на новото раѓање”, на пливачкиот клуб, на  Здравствениот дом – Крушево, на спортистот Софија Хасани, на Марија Наумоска Андрееска за достигнувања во областа на образованието, на Далибор Петрески за достигнувања во областа на спортот и на Теодор Николоски, за достигнувања во областа на образованието.

Највисокото, најпрестжното признание на градот Крушево ,кое се додлува секоја година по повод 8 -ми Септември, Денот на ослободувањето на Крушево, Осмосептемвриската награда им припадна на менаџментот на хотел Панорама, за особен придонес за развој и инвестирање во туризмот.

Свечената седница на Советот на општина Крушево се одржи на летната сцена (музеј на НОБ) и беше пренесувана онлајн

По повод 8-ми Септември Денот на ослоодувањето на Крушево и празникот на независноста на Република Македонија беше положено и свежо цвеќе на хероите кои го дале својот живот за независна , суверена  и слободна држава .

Би можело да ве интересира

„Од рака на рака“ – шведска донација за прилепската болница

Гордана Цветаноска

Поставени „речни корита“ со течност за дезинфекција на сите возила од другите градови во Прилеп

Елизабета Филипоска

„УБАВИНА УЛОВЕНА ПРЕД ДА ИСЧЕЗНЕ“,ретроспективна фото-документарна изложба за промоција на Македонија

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе