12.1 C
Прилеп
среда, 9 октомври, 2024
Пела Радио

100 години од смртта на македонскиот преродбеник, Марко Цепенков

Денеска се 100 години од упокојувањето на македонскиот, прилепски, собирач на народни умотворби од непроценливо богатство, Марко Костов Цепенков , роден во Прилеп,  на 7 ноември 1829 година – починал во Софија на 29 декмври 1920 година.

Цепенков е истакнат собирач на македонски народни умотворби, кои имаат непроценливо значење за македонската фолклористика, за етнографијата, за лингвистиката, за националната историја и за правото и моралот на Македонците. Тој е автор на неколку публикации напишани на македонски јазик. Македонскиот институт за фолклор го носи неговото име .Од сите собирачи на македонското народно творештво, Марко Цепенков има временски најдолга запишувачка практика – повеќе од 40 години собирал народни умотворби.

Неговото богато творештво со објавени и необјавени дела го сочинуваат повеќе од 5500 поговорки, 800 приказни, 150 песни, 100 гатанки, верувања и клетви, баења, соништа и нивни толкувања, детски игри, речници, описи на занаети итн.

29 декември се одбележуваат 100 години од смртта на македонскиот деец, преродбеник и борец за развој на македонската национална мисла,Марко  Цепенков. По тој повод, локланата власт положи цвеќе на спомен бистата во Центарот на Прилеп, пред Домот на културта кој го носи името на еден од најеминенти личности во македонското народно творештво, Марко Цепенков.

Би можело да ве интересира

Нема ново евидентирани случаи на заболени

Елизабета Филипоска

Прилеп: За 7 дена се потроши буџетот за субвенционирање инвертори и велосипеди

Гордана Цветаноска

Пивофест 2019 нуди и алтернатива со Јавен простор и Рум 313

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе