11.2 C
Прилеп
понеделник, 21 април, 2025
Пела Радио

ПОДВИГ НА РК ПРИЛЕП – СОВЛАДАН МЕТАЛУРГ

 Екипа од европски ранг, многупати учесник во Лигата на шампионите, каква што е Металург, вечерва е совладана во Прилеп. Во салата од СОУ „Ристе Ристески – Ричко“ екипата на РК Прилеп беше подобра со убедливи 28:24. Прилепчаните водеа во текот на целиот меч. На полувреме беше 15:13. На почетокот на второто полувреме гостите,  по неколку грешки на прилепската одбрана,успеаа да го изедначат резултатот и тоа темпо да го задржат до средината на второто полувреме,  но екипата на Кузманоски се врати во колосек и успеа до 4 гола разлика да ги зачува бодовите во Прилеп.
Овој натпревар, од второто коло на Супер ракометната машка лига, само подврди дека претходното издание, при минималниот пораз од Бутел, кога за „влакно“ беше испуштена победа, не беше случајно.
Тренерот на Прилеп, Горан Кузманоски, настапи со: Тренчевски 5, Дамчевски, Рустамов 7, Бикоски, Трајкоски 4, Ангелески, Андоновски, Х. Павлов, Шокоски 3, Милошески 3, Бурчевски, Лозаноски, Чантурија 6, Христоски, Гавашелишвили, Цинцадзе.
Во идното 3. коло, Прилеп гостува на Пролет во Скопје.

Би можело да ве интересира

Брегалница убедлива против Победа

Гордана Цветаноска

ЖФК Деспина Прилеп се зацврсти на врвот од табелата

Гордана Цветаноска

(Видео) Убава вест – Мартин Јованоски, првак на Светскиот куп во Турција

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе