11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Опција за убав викенд -„Крушево низ корија“

Викендот што следува, на 18 и 19 септември, во Крушево ќе се одрижи по седми пат фестивалот на отворено „Крушево низ корија„, кој во своите содржини ќе опфати : кампување на Мечкин камен со сите придружни содржини, планински велосипедизам, планинарска тура низ крушевската корија и тандем летови со параглајдер , при тоа придржувајќи се на пропишаните протоколите за КОВИД 19.

Велосипедската тура ќе се вози на 19.09.2021г (недела) на три патеки : Мала МТБ тура „Крушево низ корија„ .Турата е со должина од 15км и елевација од околу 300 метри, а категоризирана е како лесна тура за лица со нормална физичка подготвеност препорачлива за секој рекреативец. Средна МТБ тура „Крушево низ корија“  е со должина од 30 км и елевација од 700 метри… категоризирана како средно тешка тура 7/10 за лица со просечна физичка подготвеност, додека пак т.н  Голема МТБ тура „Крушево низ корија“ е со должина од 40 км и елевација 1000 метри категоризирана како тешка тура.

Тандем летови со параглајдер ќе има во недела , 19.09.21 , од 10.00ч – 19.30ч .,а планинарска тура ќе се одвива на релацијата Мечкин Камен – Крушево, во должина од 14 км. Истата би ја класифицирале како средно тешка тура која може да ја изоди секој од 7 до 77 години. Во 80%од патеката посетителите ќе се движат  низ крушевската корија. Во текот на турата ќе се посетат двата манастири св. Василиј и св. Спас (каде што ќе има пункт со освежување). Во текот на патеката има пивка вода за пиење.
Турата завршува во Крушево каде учесниците ќе можат да ги посетат културните знаменитости.

Фестивалот е во организација на Форумот за Авангардна Креативност (ФАК) од Прилеп во соработка со Општина Крушево.

Би можело да ве интересира

Николоски: Проектот “Купи куќа за млади” стартува од следната година

Дали новата средба на тутунарите со откупувачите и министерот ќе го даде решението?

Гордана Цветаноска

Советот на општина Прилеп ја одржа 52 седница

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе