11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Проданоски: На народот му е доста од лажни ветувања!

На прес конференција Дејан Проданоски, носител на советничката листа од ВМРО ДПМНЕ и коалицијата, упати покана за претстојниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ и колицијата што ќе се одржи во понeделник, на 11-ти октомври, со почеток во 19:30 часот на плоштад Методија Андонов Ченто:

„Не случајно е одбран овој голем ден! Прилеп низ историјата се покажал како град, предвесник на промените. Така ќе биде и овој пат, победата започнува од тука!

Денес, се наоѓаме во едно исклучително значајно време, кога треба да направиме избор во која насока ќе се движи нашиот град.

Дали тоа ќе биде Прилеп кој уназадува во сите области како во изминатите 4 години, или ќе биде економски силен Прилеп, со многу реализирани проекти што ќе го подобрат квалитетот на живот за сите граѓани без исклучок!

Токму затоа ги повикуваме сите членови, симпатизери и неопределени кои сеуште размислуваат за кого да го дадат свој глас, да присуствуваат на големиот митинг на кој заедно со кандидатот за градоначалник д-р Борче Јовчески, ќе ја презентираме досега најквалитетната и најдобрата програма што ќе значи подобра иднина за Прилеп и прилепчани.

Вашата поддршка ќе значи подобра иднина за младите, подобри услови за учениците во основните и средните училишта, изградба нови патишта и улици, нови парковски површини, нови капитални проекти со кои ќе го вратиме сјајот на нашиот град.

На овој митинг, сите заедно ќе испратиме гласна порака како до централната, така и до локалната власт. ДОСТА Е! На народот му е доста од лажни ветувања, на народот му е доста од нереални проекти и од ликови на кои одамна требаше да им заврши политичката кариера, рече Проданоски, носител на советничка листа од ВМРО ДПМНЕ.

 

Би можело да ве интересира

Бозоски: Грижата за животната средина, ќе биде во фокусот на нашето работење

Гордана Цветаноска

Талевски: ВМРО-ДПМНЕ и Борче Јовчески избегаа од соочувањето, се скрија од граѓаните

Гордана Цветаноска

Јовчески на митинг пред прилепчани најави паркови, реконструкција на плоштади, нови лик на прилепската река…

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе