Ден на народното востание и одбележувањето на 80 години од овој настан со кој во 1941 година беше означен почетокот на народно-ослободителната војна во Македонија, Прилеп го одбележува со голем пиетет ,бидејќи токму отука тргнува поход за победоносно создавање на државноста и самостојноста на Република Македонија.
Меморијален музеј 11 октомври 1941“ е автентично сведоштво за ангажманот на повеќе од 8000 борци од Прилеп и прилепско во градењето на Македонската држава. Документи, фотографии, скици, мапи, факти за почетокот на Народното востание нуди Меморијалниот музеј „11 Октомври“ и ја раскажува приказната за виорните времиња, за почетокот на последното, Народно востание, кое донесе државност, пред точно 80 години.

Организацијата за почетокот на народноослободителнта борба започнува во Прилеп. Трите групи од одредот „Гоце Делчев“, на 11 октомври вечерта (кога градскиот саат отчукал 22 часот) нападнале три локации: Участакот, тогашната полициска станица, потоа затворот и третата група била задолжена за прекин на телефонските жици. во музјот неодминливи се и скиците за историскиот напад….Ако не сте имале можност да го разгледате участакот,погледнете го видеото:
ВИДЕОТО е дел од проектот “Прилеп градот народен херој за време на НОБ” израбтеоно од Фан Продукција Оливер Англески како дел од јавниот повик на Владата за поддршка на претприемачите од фотографската и видео дејноста во Општина Прилеп за намалување на последиците предизвикани од Ковид-19 кризата.
Директор:Оливер Ангелески
Камера:Димитар Долгоски, Оливер Ангелески и Горан Попоски