11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

За Томе Христоски уште еден мандат во Крушево: Победата носи уште поголема одговорност!

По изборниот резултат, во Крушево, актуелниот градоначалник Томе Христоски, од редовите на СДСМ, ја доби уште еднаш довербата на своите сограѓани, доби втор мандат за градоначалник на Општина Крушево.

Радио Пела: За  Крушево  во изборниот процес  беше интересно што беше една од ретките општини каде имаше само двајца  кандидати за гроданачалници, но тоа не ја намалуваше неизвесноста, туку напротив, беше потребна енергија за да се добие довербата на граѓаните.  Со оглед на тоа што веќе два пати се “натпреварувате“ за градоначалничката функција,  како го видовте овој изборниот процес, споредбено со оној во 2017 г.?

Граѓаните најдобро знаат да оценат. Затоа одлучив да се кандидирам за овој втор мандат кој официјално ќе започне. Ги слушав граѓаните пред да се кандидирам, а изборите го кажаа гласот на сите граѓани на општината.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Во изминатите 4 години сработивме многу. Разговаравме постојано со граѓаните и бевме на терен не само при реализацијата на проектите, туку и за да слушнеме што на луѓето им треба. Таа константна работа ја направи битката извесна уште пред изборниот ден. Она што го правевме во кампањата  не беше многу поразлично од секој ден во периодот 2017 – 2021 – разговор, сослушување и ветувања за реализација на проекти.

Овој пат сме поискусни и подобро запознаени со проблемите на граѓаните, но исти останаа: искрениот пристап, внимателното сослушување и соработката за поубава општина. Во 2017 година граѓаните зборуваа за многу проблеми. Денес, граѓаните повторно имаат проблеми, но голем дел се решени, а наредните 4 години дадоа глас за да продолжиме со решавање на истите.

Радио Пела: Го добивте вториот мандат за градоначалник и, Вашата работа едноставно продолжува. Но, што е испланирано следно за Крушево, за негов развој ?! На што ќе се стави акцент?

Во периодот од 2017-та до денес работевме на инфраструктура. Патишта, водоводи, канализации – меѓу другото – за да создадеме основа за потенцијални инвеститори. Без соодветно подготвена инфраструктура не можете да привлечете инвестиции. Како резултат, на крајот на мандатот дојде една инвестиција во вредност од 5 милиони евра за изградба на фотоволтаични електрани. Очекуваме деновиве да се почне со работа. Имаме најава за уште една инвестиција, а како што најавивме ќе продолжиме со инфраструктурно подобрување на индустриската зона „Опаленик“.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Ќе се посветиме и на развој на туризмот за и овој сектор да генерира работни места, особено за младите. Предвидуваме зафати во активниот туризам и засилена промоција на Крушево од туристички аспект. Во туризмот е иднината и во туризмот има простор за нови вработувања.

Така што, наш приоритет е се она што ќе значи живот тука!

Радио Пела: Подобрување на инфраструктурата беше дел од проектите на сите учесници во изборниот процес. Ќе се решат ли проблемите со водоснабдувањето во населените места и градот, бидејќи да се говори за  немање вода за пиење во 21 век е недозволиво?

Водоснабдувањето беше и останува наш приоритет. Го опремувавме комуналното претпријатие, зафаќавме нови извори и обезбедивме средства за доградба на секундарната водоводна мрежа и зафаќање на изворите од с. Сланско. Со секундарната мрежа процесот ќе го започнеме за многу скоро, а што се однесува на обезбедените 9 милиони денари за зафаќање на извори верувам сте информирани дека наидовме на пречка и несогласување со општина Македонски Брод и после сите добиени дозволи, сепак, овие извори не можеме да ги зафатиме. Доколку овој проект се реализира, а ќе притискаме да се направи тоа, ќе се обезбеди задоволително ниво на водоснабдување и трошоците за пумпање на вода ќе се сведат на минимум. Така што, очекувам овој проблем да се реши во новиот мандат затоа што ова е првата локална гарнитура која сериозо пристапи да го реши овој проблем.

Радио Пела. Крушево стави акцент на равој на туризмот? Останува ли таа програма за наредниот Ваш мандат и како би се развивала?

Во Крушево се организираат се повеќе меѓународни и национални првенства на многу европски држави во параглајдерство и змајарство. Дополнително, сезоната се продолжи, па и во месеци како април и октомври имаме стотици присутни натпреварувачи. Во таа насока ќе продолжиме.  Го реконструиравме центарот за параглајдинг со поставување на нова вештачка трева и со самото тоа зголемување двојно на полетувалиштето. Сега ова место е побезбедно и оспособено за поголеми натпреварувања. Ги исполнуваме критериумите за светските првенства.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Во моментов се гради објект кој ќе ги обезбеди основните услови и барања на организаторите на првенствата, а во новиот мандат обезбедуваме уште еден објект и имаме изработено проект за реконструкција на патот од бензиската пумпа до самото полетувалиште. Од Мечкин Камен, заедно со Владата, издејствувавме ова подрачје, ова историско место, да стане целосно заштитено што е уште еден придонес за општината како заштитена целина.

Продолжуваме со инвестиции во активниот туризам со нови велосипедски и планински патеки, авантуристички паркови, создавање нови содржини и поддршка на организаторите на фестивалите на отворено. Крушево се преобразува и се поставивме на светската мапа на најатрактивни дестинации за активен туризам.

Радио Пела: Што би им препорачале на крушевчани, (и оние кои живеат надвор од Крушево и оние кои се во Општина Крушево), сега, како старо-нов градоначалник?

Драги мои сограѓани, сработивме многу. Заедно соработувавме и денешните резултати се последица на тоа. Да продолжиме во таа насока. Останувам истиот оној отворен и во секое време достапен градоначалник затоа што Крушево е нашиот интерес. Заеднички интерес.

Од една општина со проекти кои се бројат на прсти, денес сме општина која интензивно се развива. Пример сме за многу поголеми општини со многу поголеми буџети. Синоним сме за развој.

Победата во прв круг носи уште поголема одговорност. Оваа голема победа ми кажува едно – граѓаните се за продолжување на развојот, проектите и создавање живот тука. Победата значи дека граѓаните донесоа цврста одлука дека се потпираат на нашите ветувања и веруваат дека ќе градиме како што градевме до 17-ти октомври 2021 година.

Драги сограѓани, го одбравте најдоброто за вашата општина, Ви благодарам!

 

Би можело да ве интересира

Николоски: Предвидуваме проект „Енергетски ефикасен Прилеп“

Гордана Цветаноска

Започна постапката за собирање потписи за независните листи за локалните избори

Гордана Цветаноска

Јовчески посочи дека има конкретни мерки за намалување на сумата на сметките за вода и канализација

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе