5.4 C
Прилеп
петок, 15 ноември, 2024
Пела Радио

Не се гледа крајот на тунелот Еурокомпозит, блокадите продолжуваат!

Два часа регионалниот пат Прилеп – Градско кај Заполшки мост беше блокиран од вработените на Еурокомпозит. Колоната од возила од едниот и од другиот правец беше долга повеќе од 4 километри. Легитимниот протест и блокада на патниот правец е уште едно потсетување од работниците на последниот загубар – Еурокомпозит 11 Октомври дека ветувањата дадени на последниот договор со вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев сеуште не се испочитувани. Иако има усмени ветувања за итна смена на генералниот директор на Еурокомпозит Александар Кузески, сеуште нема фактичка разрешница. И не само тоа, туку и 10 вработени се соочуваат со отказни решенија, потпишани од сеуште актуелниот директор Кузески.
– Немаме друга алтернатива и незнам до кога ќе бидат лагите од актуелната власт. Имаме едно барање за овој штрајк, а тоа е смена на раководството.Значи не бараме ни поткревање на плата, не бараме ни услови, што ги немаме за работа, туку единствено барање ни беше смена на директорите, за кои се зборуваше дека имаат направено криминал. Ни беше ветено од вицепремиерот Анѓушев дека ќе бидат сменети под итно, но до ден денеска, тие не се разрешени. Дури ни беше кажано дека бил назначен нов директор, меѓутоа до ден денеска ние никакви информации немаме написмено. Сето тоа што ни е кажано е усно, а изгледа дека сето тоа е лага. Денеска имавме најавено 4 часовна блокада, но во корелација со полицијата не замолија 2 часа да блокираме, меѓутоа, по се изгледа од утре ќе блокираме цел ден доколку не се реши проблемот и можна е целодневна блокада, вели Цветан Бунтески од синдикалната организација при Еурокомпозит кој додава дека работниците поради неизвесната социјална судбина се на работ на издржливоста.
Работниците потврдуваат дека имаат целосна поддршка од СИЕР (гранков синдикат за индустрија и енергетика при ССМ), но дека состојбата е навистина неподнослива. Сомнителни се суспензиите кои актуелните први луѓе на Еурокомпозит им ги изрекоа на групата работници.
– Суспендирани сме поради тоа што дадовме изјава надвор од кругот на фабриката. Пред тоа ги замоливме да ги пушти новинарите во кругот не ни дозволи. Од како ја дадовме ние изјавата за новинарите, тие влегоа во фабриката, а нам не ни дозволи. Суспензиите ни се врачени, а немаме потпишано ништо. Работниците нас не поддржуваат, а тоа се гледа од масовноста на протестот, вели Трајко Илески еден од групата на 10 суспендирани работници.
А, некои од работниците излегоа со предлози до вицепремиерот Анѓушев за решавање на финансиската состојба на компанијата.
– Господинот Анѓушев се нафати да работи за без пари и платата своја од 50 – 60 илјади денари да ја донира за сиромашните. Е сега, сака и нас да не натера да работиме без пари, па ако работиме без пари, тој има капитал од 28 милиони евра, 5 милиони евра нека даде во фирмава да се израмнат сметките и да си почнеме ние од почеток, вели Жарко Талески.
Работниците се единствени и црство решени да одат до крајо во барањето за смена на раководството и тоа велат дека ќе го потврдат со повторна блокада на регионалниот пат Прилеп – Градско која доколку не се исполни ветувањето, утре ќе започне од 12 часот напладне и ќе трае до конечно решавање на проблемот.

Би можело да ве интересира

Прилепскиот театар со „Дупло дно“ гостува во Ниш

Пела Редакција

Kако Прилеп ќе го одбележи 11-ти Октомври, Ден на востанието на Македонија?!

Гордана Цветаноска

Невидливо геолошко наследство

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе