2.3 C
Прилеп
сабота, 21 декември, 2024
Пела Радио

Што се гради во близина на касарната во Прилеп?!

Во Прилеп ќе се гради Информатички центар за зачувување податоци, во услови на катастрофи и елементарни непогоди

По дезинформациите пласирани на интернет и социјалните мрежи дека во Прилеп ќе се гради камп за бегалци, Општина Прилеп информира дека согласно со Одобрение за градење од 23.11.2017 година издадено од Министерство за транспорт и врски на РМ, во месноста викана „Караташ“ во близина на касарната „Мирче Ацев“ на патот кон вештачкото езеро во тек е изградба на ИКТ (Информатичко –комуникациска технологија) Центар за опоравување од катастрофи.

Овој информатички центар треба да обезбеди зачувување (бек-ап ) на податоците во услови на можни катастрофи и елементарни непогоди

Проектот е финансиран од ИПА фондовите на Европската унија за 2013 година, за потребите на Министерството за внатрешни работи., што значи краен корисник е МВР. Висина на проектот е 3.398.473 евра, најголем дел обезбедени од инвеститорот ЕУ (2.437.000 евра), а останатите со национално кофинансирање.

Договорот е потпишан помеѓу Секторот за централно финансирање и склучување договори при Министерството за финансии и избраната компанија, согласно критериумите на ЕУ. Како имплементатор на овој проект во тендерската постапка за избор на најповолен понудувач беше избрана фирмата “4А-М SHPK“ од Република Албанија.

Дополнително се работи на проект за целосно опремување на центарот, во висина од 7 милиони евра од кои 5.950.000 евра од ИПА и 1.050.000 евра од национално ко-финансирање. Во овој центар ќе работат околу 60 вработени.

Прилеп од сите предложени локации во предифизибилити студијата е избран како клучна стратешка локација, каде што ќе се чуваат податоците за да се обезбеди континуитет во работењето во услови на природни непогоди и катастрофи. Ова е дел од обврските на РМ за исполнување на европските стандарди на патот кон ЕУ.

Сите други дезинформации дека на оваа локација ќе се гради бегалски камп се целосно невистините и се класичен пример за ширење говор на омраза. –пишуваат од секторот за односи со јавност при Општина Прилеп .

А, за ова се огласија и  од ОО на СДСМ преку писмено соопштене во кое  меѓудругото се вели „И претходно, а и сега, јасно и гласно потврдуваме дека во Прилеп бегалски кампови нема да има! Никогаш!

Во Прилеп, во непосредна близина на касарната, за потребите на Министерството за внатрешни работи, се гради Информатички центар за опоравување од катастрофи и обезбедување на континуитет со работата, финансиран со средства од Европската Унија во висина од околу 3.400.000 евра.

Со Информатичкиот центар,  полицијата ќе обезбеди континуитет со работата и зачувување на податоците во случај на можни природни или катастрофи предизвикани од страна на човечки фактор. Со ова, се зајакнува капацитетот на полицијата и се засилува сигурноста и безбедноста на граѓаните на Прилеп и Република Македонија – пишува во  писмено соопшение од ОО на СДСМ,испратено до медиумите.

Би можело да ве интересира

Пачешкоски поставен за генерален извршен директор на Тутунски Комбинат

Прилепска делегација во посета на Турција

Елизабета Филипоска

Продолжува окрупнувањето на земјоделското земјиште

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе