29.4 C
Прилеп
вторник, 14 јули, 2026
Пела Радио

Вчера од удар од гром почина 34 годишно лице од прилепско

Триесет и четиригодишен прилепчанец со иницијали А. Е. е лицето кое вчера попладне починало од удар од гром во с. Мажучиште, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР).

Тој бил пронајден кај местото Кисела Вода во атарот на селото, по што на местото интервенирала екипа на Итната медицинска помош, која констатирала смрт.

На 23.04.2025 во 17.32 часот во СВР Битола е пријавено дека на место викано Кисела Вода во атар на с. Мажучиште, прилепско, бил пронајден починат А. Е. (34) од Прилеп. Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Прилеп при што е констатирано дека смртта настанала како последица на удар од гром, велат од МВР.

Увид на местото извршила екипа на Одделот внатрешни работи (ОВР) Прилеп, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на семејството.

Центарот за управување со кризи утрово што соопштија дека кај нив случајот бил пријавен во 17:39 часот преку единствениот телефонски број за итни случаи 112.

Пријавувачот известил дека има починато лице, кое најверојатно било погодено од гром во селото Мажучиште, Општина Прилеп.

Би можело да ве интересира

СВР Битола апелира: граѓаните да бидат претпазливи во комуникацијата со непознати лица

МВР: Во сообраќајката на двата автобуси 40 лица повредени

Фатен крадец, пленот вратен кај сопствениците

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе