14.4 C
Прилеп
понеделник, 16 септември, 2024
Пела Радио

Полицијата заплени дрога кај петмина прилепчани, од нив двајца малолетници

Од полицискиот билтен:

На 08.11.2021 во 21.30 часот во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишиле од слобода  Д.Н.(18), В.А.(20), М.Н.(19) и двајца малолетници, сите од Прилеп, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени марихуана и дробилка. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат пооднесени соодветни пријави.

На 09.11.2021 во ОВР Прилеп, 28-годишен жител на прилепско село пријавил дека во семејниот дом бил  физички нападнат од неговиот брат П.Д.(26). Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 08.11.2021 во ОВР Прилеп, 50-годишна жена од Прилеп пријавила дека во нејзиниот дом била физички нападната од нејзиниот син Б.Д.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 08.11.2021 во Полициското одделение Ропотово, било пријавено дека во с.Долнени, прилепско, Ј.Ј.(66) од с.Долнени била касната од куче скитник.

Би можело да ве интересира

Фатени крадци во Прилеп при извршување тешка кражба

Пела Редакција

Полицијата во долненско пронашла украдено огревно дрво

Гордана Цветаноска

Фатени дрвокрадци во атарот на Беловодица

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе